X
 01.08.2016 Наука

Откриен начин за производство на месо без убивање на животните

Една компанија тврди дека пронашла начин за производство на месо без убивање животни. Компанијата ги повикува сите луѓе да донираат онлајн за да можат да ја создадат таканаречената машина за месо.

 

meso


Машината, наречена „SuperMeat“ може да создаде вистинско месо од клетки, а компанијата ги повикува сите луѓе да помогнат во реализирањето на нивната идеја. Тие велат дека освен што ќе се стави крај на страдањето на животните, оваа техника исто така може да стави крај на гладот низ светот и да помогне во зашитата на животната средина.

Досега компанијата собра повеќе од 127.000 долари на веб страната за собирање финансиски средства, „Indiegogo“.

„Благодарение на вас, нашите поддржувачи, нашиот проект сега напредува. Вашата континуирана поддршка може да ни помогне да постигнеме многу повеќе. Со 500.000 долари можеме да дозволиме доказ за концепт за нашата машина, а со 1 милион долари би биле во можност да имаме ефикасен метод за производство на мали ткива од кокошки. Со 2.5 милиони долари нашиот проект ќе достигне ефикасен прототип подготвен за дегустација. Вистинско месо, без страдање на животните“, велат од компанијата.

„SuperMeat“ би ја револуционизирала месната индустрија и би вовела најголема промена на начинот на кој луѓето консумираат храна уште од почетокот на индустриската ера.

„Заедно со врвни истражувачи и научници, оваа машина ќе развие месо и ќе го замени вистинското кое се консумира на дневна основа низ целиот свет. Нашата технологија е уникатна и ни овозможува локално и дистрибуирано производство. Би можеле да ја поставиме машината во локалните супермаркети, ресторани па дури и во вашите домови“, велат од компанијата.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука