X
 18.01.2024 Наука

Илјадници американски градови може да станат градови-духови до 2100 година, покажува истражување

Во 2100 година светот ќе биде многу поинаков од она што е денес, преобликуван од природните сили поттикнати од климатските промени. Исто така, нашите градови би изгледале сосема поинаку и голем број од нив би биле сенки на она што биле претходно.

Ново истражување открива дека до крајот на векот речиси половина од 30.000 градови во САД ќе се соочат со пад на населението, губејќи помеѓу 12 и 33 отсто од нивната популација.

Според анализата, овие идни градови имаат голема веројатност да личат на градови на духови бидејќи населението ќе се менува. Ова ќе се случи доколку локалните власти и урбанистите не успеат да одговорат и да се приспособат на потребите на нивните жители.

- Импликациите од овој масовен пад на популацијата на населението ќе донесат невидени предизвици, што веројатно ќе доведе до прекин во основните услуги како чиста вода, електрична енергија и пристап до интернет бидејќи градовите се намалуваат, а населението старее - предупредуваат научниците.

Намалувањето на населението во одредени населби може да доведе до тоа продавниците за храна да се затворат. Запоставената инфраструктура во градовите кои се намалуваат може да ги остави заедниците без чиста вода, нешто што се случи во Џексон, Мисисипи, во 2021 година.

Овие потенцијални влијанија на градовите во опаѓање одат многу подалеку од она што Утара Сутрадар, дипломиран студент по градежно инженерство, и двајца негови колеги почнале да го проучуваат: транспортните предизвици со кои градовите во Илиноис би можеле да се соочат со менувањето на населението.

Заинтригирани од резултатите, Сутрадар и неговите колеги ја прошириле анализата за да ги вклучат сите 50 држави базирајќи ги нивните проекции на трендовите на населението од податоците од пописот во САД од три временски периоди во текот на 20 години, и две збирки податоци кои вклучуваат пет можни идни климатски сценарија.

Во моментов, 43 отсто од градовите во САД губат жители, бројка која ќе се зголемува со текот на времето. Во зависност од моделираното климатско сценарио, до 64 отсто од градовите би можеле да бидат во опаѓање до 2100 година, открија истражувачите.

Најголемо опаѓање веројатно ќе има во североисточните и средните западни региони. Тексас и Јута ќе доживеат губење на населението до 2100 година.

Извор: Science Alert
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука