X
 04.08.2016 Наука

Ова место ја чува тајната против стареењето?

ostrov 

 

Ветувачко соединение против стареењето е откриено околу статуите на Велигденскиот Остров кое продолжува да ги импресионира научниците.


Соединението, наречено рапамицин е природен производ од бактериите од оваа област. Според статијата објавена во „Chemical and Engineering News“, за прв пат тимот на истражувачи во 1964 година го пронашла соединението во примерокот од почвата. На крајот, научниците откриле дека рапамицинот може да се бори против габите, да дејствува како имуносупресив и да ја спречи поделбата на клетката.

Исто така, се покажа дека соединението ја зголемува долговечноста на различни животни, вклучувајќи ги винските мушички и некои видови на црви.

Посебно истражување направено врз глувци покажа дека мажјаците и женките кои биле третирани со рапамицин живееле 9% и 14% подолго во споредба со контролната група. И покрај ветувачките резултати во врска со анти-стареењето, научниците предупредуваат дека би можеле да се појават негативни непознати долгорочни ефекти.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука