X
 22.01.2019 Наука

Научниците решија долгогодишна мистерија - должината на денот на Сатурн

Користејќи нови податоци од вселенското летало на НАСА, „Касини“, научниците веруваат дека ја решиле долгогодишната мистерија на науката за Сончевиот Систем: должината на денот на Сатурн. Сега открија дека всушност е 10 часа, 33 минути и 38 секунди.

Оваа бројка беше мистерија со децении бидејќи оваа планета нема цврста површина со обележја што можат да се следат како што ротира и има необично магнетно поле што ја крие стапката на ротација на планетата.

Но, како што излезе, одговорот се крие во прстените на Сатурн.

За време на орбитите на „Касини“ на Сатурн, инструментите ги испитувале ледените, карпести прстени до невидени детали. Кристофер Манковиќ, дипломиран студент по астрономија и астрофизика на Универзитетот „Санта Круз“, ги искористил податоците за да ги проучи шемите на брановите во рамките на прстените.

сатурн
Фото: NASA


Неговата работа утврдила дека прстените реагираат на вибрации во самата планета, постапувајќи слично со сеизмометрите што се користат за мерење на движењето предизвикано од земјотреси. Внатрешноста на Сатурн вибрира на фреквенции што предизвикуваат варијации во гравитационото поле. Прстените, од другата страна, ги откриваат овие движења во полето.

- Честичките низ прстените ги чувствуваат овие осцилации во гравитационото поле. На одредени локации во прстените овие осцилации ги фаќаат честичките на прстените во вистинско време во нивните орбити и постепено градат енергија, а таа енергија се пренесува како забележителен бран - вели Манковиќ.

Стапката на ротација 10:33:38 што ја даде анализата е неколку минути побрза од претходните процени во 1981 година, кои биле направени врз основа на радиосигнали од вселенското летало „Војаџер“ на НАСА.

Анализата на податоците на „Војаџер“, кој проценил дека денот е 10:39:23, се базирала на информациите за магнетно поле. И „Касини“ користел податоци за магнетното поле, но претходните процени се движеле од 10:36 до 10:48.

Научниците често се потпираат на магнетни полиња за да ги мерат стапките на ротацијата на планетите. Магнетната оска на Јупитер, како таа на Земјата, не е усогласена со нејзината ротациона оска. Затоа се движи околу како што врти планетата, овозможувајќи им на научниците да измерат периодичен сигнал во радиобрановите за да ја добијат брзината на ротацијата. Но, Сатурн е различен. Неговото уникатно магнетно поле е речиси совршено усогласено со неговата ротациона оска.

Ова е причината зошто откривањето на прстенот е клучно за откривање на должината на денот.

Идејата дека прстените на Сатурн може да се искористат за проучување на сеизмологијата на планетата најпрво била предложена во 1982 година, долго време пред неопходните набљудувања.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука