X
 11.06.2017 Наука

Живееме во огромна космичка празнина?

Сега има повеќе докази дека нашата галаксија се наоѓа во една огромна празнина, а тоа може да помогне во решавањето на несогласувањата околу тоа дека универзумот се проширува.

Новата студија е контрадикција на претпоставката за тоа колку „специјален“ е нашиот простор во космосот и посочува дека ние стоиме во она што може да биде познато како најголемата празнина во универзумот. Научниците со ова можеби укажуваат на теоријата дека нема ништо посебно во нашето време и место во природата, додека не имаме причина да размислуваме поинаку. Оваа претпоставка, базирана на космичкиот принцип – дистрибуцијата на материјата низ вселената е релативно еднаква кога се гледа од доволно голема далечина. Тоа значи дека кога гледаме нагоре, нашата перспектива за универзумот не треба да биде сметана како уникатна.

Празнини (дупки) во дистрибуцијата на материјата можат да постојан на различни начини, од празнини во кои очекуваме создавање на ѕвезди во средината на галаксијата до цели колекции на празнини, кои прикажуваат појава на „ладна точка“ широка 1.8 билиони светлосни години, во позадинската радијација на универзумот.

The Hubble Constant“ е бројка која опишува како универзумот се шири, се проценува со мерење на патот кој светлината од далечните објекти се протегнува како што тие се движат, а потоа проценува колку се оддалечени. Иако знаеме скоро еден век дека универзумот се шири, сепак во последните декади, различни калкулации на константата покажуваат дека степенот на експанзија бил побавен во разниот универзум.

Една интерпретација за разликата во ширењето на универзумот е дека тој се ширел побавно кога радијацијата од Космичката микробранова позадина „CMB“ се емитувала назад кога универзумот бил млад, а сега се проширува побрзо. Друга интерпретација е дека константата не е иста локално како што е на далечина.

И покрај низата претпоставки, уште нема опсервации кои во моментов можат да се спроведат за да се покаже дека хипотезата за празнината е неоснована.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука