X
 05.08.2016 Забава

Креативната идеја на еден градежен работник да ги расположи болните дечиња

Внимателниот градежен работник Џејсон Ханеј сакал да направи нешто интересно за да ги расположи дечињата во болницата која се наоѓала во близина од местото каде работел. На тој начин дошол до брилијантна идеја.

 

работник


Ханеј, со помош на неговата 8 годишна ќерка го направиле Валдо од картон со висина од 2 метри. Џејсон секој ден го крие Валдо, а целта е децата од Меморијал детската болница во Саут Бенд, Индијана да откријат каде се наоѓа. Откако децата ќе откријат каде е Валдо, Ханеј го преместува на различно место, па така децата повторно го бараат.

Тој создал дури и Фејсбук група за децата да постираат кога ќе го пронајдат. Ханеј и неговата ќерка веќе започнаа со создавање на Мињони како следен проект.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава