Големите класици се справуваат со некои од најтрајните прашања кои се спротиставуваат со обидите на науката да ги реши. Брензел ќе се обиде да ве убеди дека интимните разговори со овие големи дела не само што ќе ги зајакнат вашите интелектуални мускули, туку и ќе ви помогнат да се справите со големите прашања во животот и ќе ја подобрат вашата проценка.
„Што го движи човечкото срце? Шекспировите ликови не' фрлаат во длабочините на страст, завист, алчност, гордост, амбиција. Што овие ликови имаат да кажат за начинот на кој ние се однесуваме или што ние веруваме?“, вели Џеф Брензел, од Јеил Универзитетот.