Фото: The Guardian
Британскиот писател Казуо Ишигуро ја освои Нобеловата награда за литература за 2017 година.
Писателот беше пофален од шведската академија како писател кој во романите со голема емоционална сила, ја откри бездната под нашето илузорно чувство за поврзувањето со светот.
Со имиња како Маргарет Атвуд, Нгуги Ва Тионго и Харуки Мураками, Ишигуро беше изненадување. Меѓутоа неговите книжевн признанија ја враќаат наградата на позната територија по минатогодишниот контроверзен избор на пејачот и текстописец Боб Дилан.
Ишигуро има напишано осум книги, што се преведени на повеќе од 40 јазици. Неговите најпознати романи „The Remains of the Day“ и „Never Let Me Go“ беа адаптирани во високо реномирани филмови.
Нобеловата награда за литература се доделува уште од 1901 година, и е наменета за авторот кој, според зборовите на Алфред Нобел, „во полето на
литература ќе создаде најистакнато дело во идеална насока“. Ишигуро е 114-от победник, следејќи ги стапките на писатели како Шејмус Хини, Тони Морисон, Мо Јан и Пабло Неруда.