X
 22.09.2015 Култура

Начини за бесплатно патување низ светот

За многу луѓе кои сакаат да патуваат, нивниот сон е да прошетаат низ целиот свет. Но, во тоа може да ги спречи финансиската ситуација или непознавањето на сите можности за ваква авантура.

 

1


Иако делува неизводливо, сепак постои начин светот да се заобиколи бесплатно. А постои и можност и да заработите нешто. Со помош на неколку насоки, можете да бидете подготвени за бесплатен пат околу светот.

Волонтирање

Доколку малку пребарате низ интернетот, можете да пронајдете повеќе страни кои се посветени на волонтирањето. Од многубројните опции изберете ја онаа која најмногу ви одговара. На тој начин ќе имате можност да посетите различни делови од светот, можете да бидете од корист и да им помогнете на другите.

Некои организации за волонтери кои во замена за помош нудат храна и сместување се:

http://www.workaway.info/
http://www.helpx.net/

Предавање на странски јазик


Доколку добро зборувате англиски јазик и немате проблем да работите со луѓе и да ги подучувате, тогаш за вас постојат доста опции доколку сакате да патувате бесплатно.

Голем број на училишта за деца во Африка бараат наставник по англиски јазик на неколку месеци. Своето познавање можете да го искористите за подучување на другите и запознавање на различни култури, патување низ светот и стекнување на пријателства.

Ако сакате на овој начин да патување низ светот, доволно е да го пребарате интернетот и да најдете организација која бара предавачи по јазикот кој го познавате. Можете да контактирате и некоја амбасада, културните центри во државите во кои би сакале да одите итн.

Чувари на станови

Не сте единствените луѓе кои сакаат да патуваат. Има и такви кои патуваат често или долго време сте отсутни од дома и поради тоа им е потребен некој кој ќе им ја чува куќата или станот додека не се вратат. Токму ваквите огласи се идеални за оние кои сакаат да патуваат, а притоа да не трошат пари за сместување.

Некои луѓе на чување ги оставаат и домашните миленици. Исто така, постојат опции да ја чувате куќата и до шест месеци. На тој начин ќе имате можност на едно место бесплатно да живеете и половина година.

Доколку сакате да го пробате овој начин на патување низ светот (housesitting) посетете некоја од овие страни:

http://www.trustedhousesitters.com/gb/
http://www.housesittersamerica.com/
http://www.mindmyhouse.com/
http://www.caretaker.org/

Патување со брод

Доколку сакате да посетите егзотични острови и да патувате по океани и мориња низ светот, тогаш би требало да размислите за работа на брод. Освен што ќе имате можност да посетите различни делови од светот, на овој начин ќе имате и можност да заработите.

За да работите на брот треба да знаете да работите некои од работните места кои се нудат - продавач, келнер, фризер, готвач и многу други. Конкурирањето за работа се врши преку агенции кои се занимаваат со организирање на работа.

Некои од агенциите преку кои можете да пронајдете работа можете да ги пронајдете тука:

http://www.kouzoncorporation.com/web/

Дадилка

Уште еден начин да патувате низ светот, да не плаќате сместување, а можеби и да заработите е да чувате деца и да живеете со семејство на кое му е потребна вашата услуга.

Чувањето на деца на овој начин најчесто опфаќа шест часа работење, бесплатно сместување и храна. Освен тоа, можете и да заработите доколку детето кое го чувате го учите да свири на некој инструмент или да учи некој јазик.

За оваа работа можете да ја контактирате амбасадата на земјата во која сакате да одите или да посетите некои од овие страни наменети за семејствата за кои е потребно некој да ги чува децата:


Couchsurfing

Ако досега не сте слушнале за овој термин, тогаш ќе ви биде малку неверојатен фактот дека постојат луѓе кои пуштаат непознати луѓе во своите домови само за да имаат можност да ги запознаат и да им ги покажат знаменитостите од својот град и да им ја приближат културата, но и да им помогнат на оние на кои им е потребно сместување.

Couchsurfing е идеален начин да патувате низ светот и притоа да не трошите пари за сместување.

Страната Crowdrise

Доколку детално го имате испланирано вашето патување од соништата, тогаш време е да го поделите со светот. Ако успеете со зборови да ја опишете вашата желба за патување, причината поради која сакате да патувате и креативно да наброите колку пари ви се потребно и што точно е потребно за да ви се реализира желбата, тогаш имате големи шанси да патувате и притоа ништо да не платите.

Страната Crowdrise ви дава можност да ја споделите вашата авантура од соништата, до детали да ја опишете, и доколку успеете вашата приказна да ги маѓепса луѓето, ќе соберете доволно пари за да бидете спремни за патување. На оние на кои им се допаѓа вашата приказна, ќе донираат пари, а оние кои ќе соберат пари, ќе започнат со патувањето.

Посетете ја страната CROWDRISE

Trevolta


Ако се прашувате зошто треба да го добиете вашето патување од соништата тогаш одговорот е - затоа што знаете за страната TREVOLTA која тоа и во овозможува.

Благодарние на оваа страна, можете да им се обратите на оние кои се подготвени да спонзорираат нечие патување, бидејќи тоа е можност на тој начин да им помогнат на оние на кои им е потребно.

Посетете ја страната TREVOLTA.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура