07.08.2016
Живот
Отворени пунктови за донација за настраданите од поплавата
По големите поплави кои го зафатија подрачјето на Скопје и однесе 20-тина жртви, луѓето почнаа да се организираат самоиницијативно и да дониратт потребни работи за загрозените граѓани кои беа погодени од ова големо невреме.
Покрај броевите кои се објавени и може да се донираат по 100 денари од повик, исто така отворени се и неколку пунктови за каде што може да се донираат храна, вода, гумени чизми и останати потребни артикли.Отворен е пункт кај Веро Тафталиџе каде граѓинте се организираат и со возила ги носат донираните средства до загрозените подрачја.
Дел од донациите за настраданите од поплавите се носат во пунктот во Момин поток каде што ода таму се распределуваат и се носат до местата каде што е потребно.