Веќе добро знаеме дека Бил Гејтс има пари. Тој е основоположник на компанијата „Мајкрософт“. Освен тоа, тој е најбогатиот човек на светот. Знаевте дека тој е голем хуманитарец?
Бил Гејтс се наоѓа на врвот на листата од најбогати луѓе во светот веќе две години по ред. Меѓутоа, тој е и меѓу најхуманите луѓе во светот. Гејтс донирал повеќе пари од просечното богатство на најбогатите технолошки милијардери во хуманитарни цели.
Богатството на Гејтс изнесува 79 милијарди американски долари. Неговата заработка во изминатата година се зголемила за три милијарди долари. Во текот на својот живот, се проценува дека Гејтс донирал приближно 30,2 милијарди долари, најмногу преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, која се бори против сиромаштијата во земјите ширум светот.
Заедно во Ворен Бафет, Марк Цукерберг и 128 други милијардери, Гејтс е и дел од кампањата наречена „The giving pledge“, со која милијардерите се согласуваат во текот на својот живот или по смртта да донираат половина од своето богатство во хуманитарни цели.