X
 06.05.2019 Живот

Донирајте ја матурската облека во „Копче“

Матурската или апсолвентската облека што ве разубавила на таа посебна вечер не мора да ви стои во плакарот. Донирајте ја во „Копче“, продавницата на Црвениот крст, и усреќете некого.

„Месецот мај им го посветуваме на младите и успешни луѓе кои завршуваат една среќна приказна во своето образование. Подарете ја облеката од својата матурска или апсолвентска вечер и погрижете се некоја девојка или момче да блесне на оваа посебна ноќ! Сите вие што сте во потрага по совршениот изглед за матурската или апсолвентска ноќ, посетете ја 'Копче' и пронајдете сѐ што ви е потребно за да го добиете изгледот што сте го замислиле“, стои во повикот на „Копче“.




Оваа продавница ја отвори Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето облека и нејзина дистрибуција до најзагрозените, а воедно е и место каде што се поврзуваат хуманоста, достоинството, трудот, екологијата. Облеката во оваа продавница се продава по симболична цена.

„Копче“ е проект создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние што имаат ниски примања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот