Следниот пат кога топлото пиво „има вкус на урина“, причината поради тоа е затоа што навистина е урина. Благодарение на научниците од белгискиот Универзитет, сега постои машина која урината ја претвора во пиво.
Машината всушност ја претвора урината во две работи: вода за пиење и ѓубриво. Таа ја користи сончевата енергија за загревање на урината, која потоа минува низ мембрана во која се одвојува водата од другите материи кои се наоѓаат во урината.
Потенцијалот на оваа
машина е огромен - истражувачот Себастијан Дересе вели дека може да направи се', од вода за пиење во руралните области во светот кои немаат чиста вода, па се' до заштеда на пари со инсталирање на аеродромите. И секако, може да се искористи за производство на пиво.
Белгиските истражувачи работат на оваа машина две и пол години, тестирајќи ја за време на музичкиот фестивал во Гент. На крај, имаа 1.000 литри вода благодарение на гостите на фестивалот. Со цел да го исполнат кругот во животот, водата ќе биде претворена во пиво - првичната форма од која се' започнало.