Поплавите можат да удрат насекаде и било кога. Доколку го игнорирате ризикот тогаш дефинитивно ќе се соочите со расцепени ѕидови, потопена изолација, уништен паркет и уништени електрични апарати.
Најдобриот начин да ја избегнете оваа катастрофа е да останете над вода. Единственото нешто кое е безбедно од поплавите е височината. Меѓутоа дури и куќа која се наоѓа на ридот треба да биде обезбедена од поплавите. Во продолжение прочитајте ги мерките кои нудат заштита доколку се случи поплава.
1. Зашитете ги електричните апарати во вашиот дом
Не ги оставајте на подот електричните апарати во вашиот дом. Доколку сте во можност, ставете ги на повисоко место или однесете ги на друг спрат. Со тоа ќе избегнете нивно оштетување.
2. Погрижете се за надворешната опрема
Резервоарите за гориво и генераторите треба да бидат над нивото на поплавата. Необезбедените резервоари за гориво може да се уништат и да ја загадат околната земја.
Експертите велат дека генераторите и единиците за електрична енергија никогаш не треба да се на земјата.
3. Модифицирајте ги вентилите за вода
Поплавената канализација на отпадни води може да предизвика водата да се врати во вашиот дом. За да не се случи ова потребно е да инсталирате внатрешен или надворешен вентил за притисок. Вентилите треба да бидат инсталирани на сите цевки во куќата.
4. Утврдете како водата тече околу вашата куќа
Аголот на земјата може да ја насочи водата во или надвор од вашата куќа. Очигледно, најдобро е ако домот е изграден такашто водата излегува од куќата.
Течењето на водата околу вашата куќа може да го утврдите преку набљудување како водата тече или се акумулира во текот на бурата.
5. Преземете драстични мерки ако поплавите се чести
Ако вашиот крај е често склон кон поплави, а преселувањето не е опција, тогаш потребно е да преземете драстични и поскапи мерки.
Можете да ги подигнете столбовите на вашиот дом такашто најнискиот кат би бил над нивото на поплавите. Исто така, можете да инсталирате основни вентили кои ќе ѝ овозможат на водата да тече наместо да се насобира внатре и да предизвика штета. Ќе ви бидат потребни најмалку 2 вентили на различни ѕидови.
6. Преземете мерки во последниот момент кога водата се зголемува
- Исчистете ги шахтите и канализацијата
- Преместете го мебелот, килимите, електрониката и другите предмети на горниот кат или барем кренете ги од земјата.
- Исклучете ја електричната енергија.