X
 30.09.2017 Живот

„Слушајте повеќе отколку што зборувате!“

Зено од Китиум бил грчки филозоф, основач на стоичката школа за филозофија. Тој предавал во Атина од 300 година пр.н.е сè до неговата смрт во 262 година пр.н.е.

„Имаме две уши и една уста, за повеќе да слушаме отколку да зборуваме“.

За жал, тешко е да се каже од каде доаѓа овој негов цитат. Ниту едно од неговите пишани дела не успеало да преживее, а цитати како овој постојат само затоа што биле зачувани од другите филозофи.

Што значи?


Голем дел од стоицизмот се базира околу идејата да се живее доблестен живот во согласност со природата или универзумот? Зено, гледајќи дека луѓето имаат две уши и една уста, вели дека постои природна причина за тоа. Тој верува дека секогаш треба да слушаме двапати повеќе отколку што зборуваме.

Активното слушање, односно фокусираното слушање, а не само слушањето, секогаш ќе ви биде од корист. Без разлика дали се надевате дека ќе убедите некого, дали сакате да бидете подопадливи или да победите во дискусија, слушањето е клучниот елемент. Тоа ви дава витални информации, ве прави да изгледате сигурни и почитувани и може да ве заштити од неволја.

Кога зборувате, ги кажувате работите за кои вие знаете дека се вредни да се кажат. А Зено рекол: „Подобро патување со нозете отколку со јазикот“.

Животот е полн со прашања, но ако научите добро да слушате, скоро секогаш ќе ги слушате одговорите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот