X
 08.08.2016 Наука

Тајното уметничко студио на НАСА

наса

 

Доколку ве восхитуваат вестите за вселената, тогаш веројатно знаете за „Jet Propulsion Laboratory“. Овој дел од НАСА е одговорен за најамбициозните мисии, како и испраќањето на роботи на Марс, и неодамна испраќањето на Џуно леталото на Јупитер.


Меѓутоа оваа лабораторија има уште една мисија: обединување на дизајнирањето и науката - на нов и значаен начин.

Студиото на овој дел од НАСА нуди не толку традиционални дизајнирачки вештини на инженерите. Студиото се состои од осум научници кои имаат огромно искуство во визуелните ефекти од научно-фантастичните филмови, антропологија, рекламирање, архитектура и илустрација меѓу другите. Овие инженери обично работат на неколку проекти наеднаш.

На пример, Џоби Харис ги создал моделите на месечината на Сатурн, и ги поставил основите за дизајните на шлемовите во вселената. Лиз Бариос неодамна им помогнала на научниците да се визуелизира како би изгледала површината на кометата за слетувањето на вселенското летало Розета.

 

nasa


Во зградата со број 180 постои скулптура на која стојат зборовите „Dare Mighty Things“. На секои неколку минути се појавува светлина која се разликува во големина. Всушност, ова е срцето на работата на оваа лабораторија.

Скулптурата повлекува податоци од блиската зграда во темната соба на „Mission Control“. Тука се следи активноста на 13 антени во длабоката вселенска мрежа. Скулптурата прикажува податоци од МRO (Mars Reconnaissance Orbiter) кој пак разменува информации со роверот Кјуриосити. Кога инженерот ги пишува насоките на тастатурата, Кјуриосити ќе го направи она што му е кажано. Ќе испрати податоци кои ги собира од MRO над површината на Марс, кој ќе испрати податоци до антената DSS 55 во Мадрид, Шпанија, која пак испраќа податоци во собата „Mission Control“ во Пасадена, која испраќа светлина по должината на скулптурата во зградата 180.

Сето ова во реално време, со задоцнување од околу 15 минути. Лабораторијата е полна со вакви чуда - благодарение на студиото.

Објектите во лабораторијата личат на високо-технолошки кампуси на колеџ, особено во текот на летото кога е сезоната на практиканти. Секоја година, лабораторијата им посакува добредојде на 50.000 посетители.

Делумно поради нетрадиционалните почетоци, и делумно поради тоа што е дел од НАСА која е раководена од страна на приватна организација (Калифорнискиот институт за технологија), нејзината култура отсекогаш била нескротлива и претприемачка. Ова може да објасни зошто, во 2003 година, бил вработен студент по уметност и бил пуштен на кампусот да го покаже својот талент и своите вештини.

Станува збор за студентот Ден Гудс. Во рок од една година, Гудс требало да покаже што може да направи. Во неколку месеци станал толку популарен што му дале зелено светло да ја прошири својата група.

Работата на студиото е веројатно единствено во НАСА и неспорно претставува промена во начинот на размислување обединувајќи ги уметноста и науката заедно.

„Науката и дизајнот обично не се користат во истата реченица, но треба“, вели Аманда Фингободифакија. „Дизајнерите се обидуваат да сфатат преку создавање на системи, користејќи боја, пренесувајќи емоции. Научниците го имаат нивниот научен процес. На крајот, сето тоа е доста креативно“, додава таа.

Не постои типичен ден за луѓето кои работат во студиото, а не постои ниту типична личност. Општо земено, членовите работат на барањата од инженерите. Исто така, студиото создава уметност за работата на лабораторијата да може да комуницира со јавноста - станува збор за нешто помеѓу уметничка инсталација, јавен споменик и интерактивна музејска изложба. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука