Најновите истражувања за китовите даваат одговор на прашањето како се однесувале китовите кога биле нападнати од луѓе во 19 век, а одговорот е директно поврзан со начинот на кој тие реагираат на промените предизвикани од човечкото дејствување во 21 век.
Истражувањето објавено од „Кралско друштво“, чии автори се истакнатите научници Хал Вајтхед и Лук Рендел, експерти за китови, се осврнува на прастарото прашање: Ако китовите се толку паметни, зошто се изложувале на опасност? Одговорот е: не се изложувале.
Користејќи дигитализирани дневници кои детално го опишувале ловот на
китови во Северен Пацифик, научниците, кои имале и помош од научникот за податоци Тим Д. Смит, откриле дека за само неколку години стапката на лов на китови со харпун паднала за 58 отсто. Овој навидум обичен факт довел до зачудувачки заклучок: дека китовите ги споделувале информациите за тоа што им се случувало и правеле клучни промени во однесувањето. Кога нивната култура ги остварила првите смртоносни контакти со човечката раса, тие брзо научиле од сопствените грешки.
- Китовите кашалоти имаат традиционален начин на кој реагираат на нападите од орките - вели Хал Вајтхед. Пред луѓето, орките биле нивни единствени предатори, против кои кашалотите формирале одбранбени кругови, нивните моќни опашки ги држеле кон надвор за да ги држат напаѓачите настрана. Но, ваквите техники им го олеснувале ловот на китоловците.
Фото: Freepik
Ова било доста брзо убивање, придружено со други закани во Пацификот. Од станиците за китови и фоки до мисионерските бази, западната култура била увезена во океанот, кој останал во голема мера недопрен.
Кашалотите се социјални животни, способни да комуницираат на големи растојанија. Тие се обединуваат во кланови дефинирани со дијалектна шема на нивните сонарни сигнали. Нивната култура е брановидна, а информациите за новите опасности може да бидат пренесени на ист начин како што женките споделуваат знаење за местата за хранење. Овие китови исто така имаат најголем мозок во светот. Не е тешко да се замисли дека сфатиле што се случува.
Самите китоловци сфатиле дека китовите даваат напори за да избегаат. Тие сфатиле дека животните во нападнатите групи комуницираат меѓу себе за заканата. Оставајќи ги вообичаените одбранбени информации, китовите пливале со ветрот за да избегаат од бродовите со китоловци, кои и самите пловеле со помош на ветрот.
- Ова била културна еволуција, премногу брза за генската еволуција - вели Вајтхед.
Сега, токму кога китовите почнаа да закрепнуваат од индустриското уништување во 20 век, се соочуваат со нови закани предизвикани од модерната технологија.
- Мора да научат да избегнуваат бродови, да се справат со исчезнувањето на рибите, со промената на изворот на нивната храна поради климатските промени - вели Вајтхед. Можеби најголемата модерна опасност е загадувањето од бучавата, нешто за кое не можат ништо да направат за да го избегнат.
Како што забележува Вајтхед, културата на китовите е милион години постара од нашата. Можеби треба да учиме од нив.
- Веруваме дека китот е бесмртен во својот вид. Ако светот некогаш повторно биде поплавен, тогаш вечниот кит сепак ќе преживее - вели тој.
Извор:
The Guardian
Фото: Freepik