Поплавите влијаат и врз поединците и врз заедниците и имаат социјални, економски и еколошки последици. Последиците од поплавите се разликуваат во зависност од локацијата и степенот на поплавата и ранливоста и вредноста на природните и изградените средини врз кои влијаат.
Како што повеќето луѓе се свесни, непосредните влијанија од поплавите вклучуваат човечки животи, оштетување на имот, уништување на посевите, губење на стоката и влошување на здравствената состојба. Се оштетуваат комуникациските врски и инфраструктурата како што се електричните централи, патиштата и мостовите, а луѓето се принудени да ги напуштат своите домови со што се нарушува нивниот нормален живот.
Оштетувањето на инфраструктурата исто така може да предизвика долгорочни влијанија, како што е нарушување на снабдувањето со чиста вода, електрична енергија, транспорт, комуникации, образование и здравствена заштита. Намалувањето на куповната моќ и губењето на вредноста на земјиштето во поплавите може да ги остави заедниците економски ранливи.
Поплавите исто така може да ги трауматизира жртвите и нивните семејства. Губењето на најблиските има длабоко влијание особено кај децата. Преселувањето од еден во друг дом и губењето на имотот може да предизвика дополнителен стрес. За некои луѓе овие психолошки влијанија можат да бидат долготрајни.
Луѓе и животни
Многу луѓе и животни остануваат повредени
или умираат за време на поплавите. Многу луѓе остануваат без покрив над
главата. Нема вода и електрична енергија и луѓето страдаат како резултат
на тоа. Дополнително на ова, поплавите носат болести и инфекции.
Животната средина
И животната средина страда од поплавите.
Хемикалиите и другите опасни супстанции завршуваат во вода и на крајот
ја загадуваат водата и се' она што се наоѓа во неа.
Дополнително на тоа, поплавите убиваат животни и други инсекти, нарушувајќи ја природната рамнотежа на екосистемот.
Во
многу природни системи поплавите играат важна улога во одржувањето на
клучните функции на екосистемите и биодиверзитетот. Тие ја поврзуваат
реката со земјиштето околу неа, ги надополнуваат подземните системи, ги
полнат мочуриштата, ја зголемуваат поврзаноста помеѓу водните живеалишта
и го движат талогот и хранливите материи. За многу видови, поплавите
предизвикуваат размножување и миграција.
Економски последици
За време на поплавите се уништуваат патиштата, мостовите, фармите, куќите и автомобилите. Луѓето остануваат без своите домови. Дополнително на тоа, владата мора да ги ангажира пожарникарите, полицијата и други служби за да им помогне на погодените. Сето тоа доаѓа со дополнителни трошоци за луѓето и владата. Обично потребни се неколку години за заедниците повторно да бидат изградени и вратени во нормала.