X
 10.08.2016 Наука

Неверојатни психолошки експерименти кои откриваат каков е човекот (Прв дел)

Зошто луѓето реагираат на начин на кој реагираат? Психолозите размислуваат за ова прашање уште од антички времиња. Голем дел од знаењето кое тие го имаат за човечкиот ум доаѓа од психолошките експерименти спроведени во текот на минатиот век.

 

психологија


Во продолжение ви ги нудиме најинтригантите психолошки експерименти кои помогнале во собирањето на нови информации и кои обезбедија увид во хаотичните трендови на човечката мисла и однесување.

25. Тестот за селективно внимание




Мислите дека сте внимателен набљудувач? Постои еден начин за да го откриете ова. Погледнете го видеото погоре. Дали дадовте точен одговор? Ако дадовте, тогаш честитки. Меѓутоа, уште поважното прашање е: Дали го видовте човекот кој носи костум од горила? Во познатиот тест за свест на Сајмонс и Чабрис, од испитаниците се барало да избројат колку подавања се случуваат помеѓу кошаркарите со бели маици. На средина на тестот, човек во костум од горила се појавува и стои во центарот на собата. Истражувањето покажува дека поголемиот дел од испитаниците не ја забележале горилата, со што се докажало дека луѓето често пати ги преценуваат своите способности за ефикасен мултитаскинг.

24. Виолинист во метро станица

 

24


Дали застанувате за да уживате во убавината околу вас? Според експеримент спроведен во 2007 година, големи се шансите да не го правите тоа. Светски познатиот виолинист Џош Бел глумел како уличен музичар во метро станица во Вашингтон за да види колку луѓе ќе застанат и ќе ја слушаат неговата музика. И покрај фактот дека свирел на виолина вредна 3.5 милиони долари, како и тоа дека ги распродал билетите за концертот во Бостон, мал број на луѓе застанале да ја слушнат неговата изведба. Тој ден заработил едвај 32 долари.

23. Пијано скали

 

23


Иницијатива од Volkswagen наречена „The fun theory“ имаше за цел да докаже дека однесувањето на луѓето може да се промени на подобро со тоа што секојдневните активности ќе ги направи забавни. Во нивниот експеримент, тие поставиле пијано скали на влезот на метро станица во Стокхолм, Шведска за да види дали луѓето ќе ја изберат поздравата опција и ќе се искачуваат по скалите наместо по лифтот. Тој ден, 66% повеќе луѓе ги искористиле скалите отколку вообичаено, со што се докажало дека забавата е најдобриот начин да се натераат луѓето да го променат начинот на живот.

22. Милграм експериментот

 

22


Луѓето се обучени да примаат инструкции од авторитетите уште рано во животот. Експеримент спроведен во 1961 година од психологот Стенли Милграм од Јеил Универзитетот ја мерел желбата на луѓето да почитуваат авторитет давајќи им инструкции на луѓето да извршуваат работи кои се косат со нивниот морал. На учесниците им било кажано дека се „учители“ кои треба да спроведуваат електрични шокови кај „учениците“ кои наводно биле во другата соба, секој пат кога ќе одговореле погрешно. Во реалноста, никој не бил погоден со електрични шокови. Наместо тоа, Милграм пуштал снимени звуци за да изгледа дека учениците страдаат од голема болка. И покрај протестирањата на снимките, голем дел од учесниците го продолжиле експериментот кога авторитетот му наредил да продолжи, зголемувајќи го напонот на електрични шокови при секој погрешен одговор. Спроведени се слични експерименти кои ги дале истите резултати - луѓето се подготвени да одат против сопствениот морал и совест ако им е нареден од авторитетна личност.

21. Тестот со мачмалоу

 

21


Дали одложеното задоволување може да биде показател за идниот успех? Токму ова сакал да го утврди Волтер Мишел од Универзитетот Стенфорд за време на неговиот Мачмалоу експеримент во 1972 година. Деца на возраст од 4 до 6 години биле однесени во соба кадешто било ставено колаче мачмалоу. Пред да го остават секое дете само во собата, испитувачот им рекол дека ќе добијат уште едно колаче ако првото биде на масата после 15 минути. Испитувачот снимал колку долго секое дете ќе одолее да не го изеде колачето и подоцна открил дека е поврзано со успехот на детето во подоцнежните години. Малцинство од 600 деца го изеле колачето веднаш, а една третина покажале одложено задоволување доволно долго за да го добијат и второто колаче. Во понатамошните истражувања, Мишел открил дека оние кои се воздржале и не го изеле колачето биле значително покомпетентни и добивале повисоки резултати на SAT тестовите, со што значи дека оваа карактеристика останала со личноста во текот на нејзиниот живот.

20. Ефектот на случаен минувач

 

20


Во случај на вонредна состојба повеќето луѓе веројатно ќе сакаат да се наоѓаат во област каде има гужва бидејќи на тој начин имаат повисоки шанси за добивање на помош. Спротивно на популарното верување, опкруженоста со луѓе не гарантира ништо. Психолошкиот феномен наречен Ефект на случаен минувач вели дека луѓето имаат поголема волја да им помогнат на оние на кои им е потребна помош ако нема многу луѓе или сведоци. Ако има повеќе луѓе, обично тие мислат дека другите ќе помогнат. Овој ефект беше неодамна тестиран на прометна улица во Лондон и се покажа дека социјалниот статус игра голема улога во тоа дали една личност ќе добие помош.

19. Ашовиот експеримент

 

19


Ова е серија на експерименти спроведени во 1950 година. Еден испитаник е поставен во соба полна со актери. Личноста која го спроведува експериментот држи слика со три нумерирани линии и бара од секоја личност да ја идентификува најдолгата линија. Актерите намерно ја избираат погрешната линија со цел да видат дали испитаникот ќе одговори искрено или ќе се приклучи на одговорот на групата. Резултатите покажаа дека луѓето имаат тенденција да се приспособат на групни ситуации.

18. Експеримент со затворот во Стенфорд

 

18


Овој експеримент се смета за еден од најпознатите неетички психолошки експерименти на сите времиња. Експериментот ги проучувал психолошките ефекти кои затворот може да ги има врз однесувањето на луѓето. Во 1971 година бил создаден затвор во подрумот на зградата по психологија на Универзитетот Стенфорд. 24 машки студенти биле избрани да ја играат улогата на затвореници или стражари две недели. Студентите се прилагодиле во нивната улога толку добро што дошло до психолошка тортура. Експериментот бил прекинат после само шест дена поради неговиот интензитет, но покажа дека ситуациите можат да предизвикаат одредени однесувања и покрај природните тенденции на поединецот.

17. Експериментот со куклата Бобо

 

17


Во текот на 60-тите се појавила дебата за тоа како генетиката, факторите на животната средина или социјалното учење го формираат развојот на децата. Алберт Бандура го спровел експериментот со куклата Бобо во 1961 година за да докаже дека човековото однесување произлегува од социјалната имитација наместо од наследените генетски фактори. Тој создал три групи: една била изложена на возрасни кои агресивно се однесувале кон куклата Бобо, друга група била изложена на пасивни возрасни кои си играле со куклата Бобо, а третата група била контролна група. Резултатите покажале дека децата изложени на агресивен модел имале поголема веројатност да доживеат агресивно однесување кон самата кукла, додека другите групи не покажале агресивно однесување.

16. Кучињата на Павлов

 

16


Овој познат експеримент го создал концептот за условен рефлекс. Павлов ја испитувал стапката на саливација меѓу кучињата кога пред нив им била ставена храна. Тој забележал дека на кучињата започнале да им течат лиги кога ќе ја виделе храната, такашто тој започнал да ѕвони со ѕвонче секој пат кога на кучето ќе им се покажела храната. Со текот на времето, кучињата започнале да го поврзуваат ѕвончето со храната и им течеле лиги веднаш штом ќе го слушнеле ѕвончето, покажувајќи дека рефлексот може да се научи.

15. Малиот Алберт

 

15


Овој експеримент е човечки еквивалент со кучињата на Павлов. Ова е веројатно еден од најнеетичките психолошки експеримент на сите времиња, а бил спроведен во 1920 година од Џон Б.Ватсон и неговиот партнер Роасли Рајнер на Универзитетот Џон Хопкинс. Тие предизвикале едно девет месечно бебе да развие ирационални стравови. Ватсон започнал да поставува бели стаорци пред бебето кое не покажало страв на почеток. Потоа тој произведувал силен звук удирајќи со чекан по челична лента секој пат кога малиот Алберт ќе допрел стаорец. После некое време, малиот Алберт започнал да плаче и да покажува знаци на страв секој пат кога ќе се појавел стаорец во собата. Ватсон исто така создал слични условени рефлекси со други животни и предмети се' додека Алберт не започнал да се плаши од сите нив, докажувајќи дека условните рефлекси функционираат и кај човекот.

14. Социјалниот експеримент Карслберг




Оваа интересна реклама се претворила во социјален експеримент. Во кино преполно со 148 истетовирани моторџии, има уште само две празни места во средината. Парови влегуваат во киното и ги гледаат сите моторџии - голем дел од нив се одлучуваат да си одат поради нив, додека дел одлучуваат да седнат. Оние кои одлучуваат да останат се наградени со пиво и со аплауз. Што би направиле во оваа ситуација? Дали би заминале или би останале да го гледате филмот? Ова е уште еден доказ кој вели дека луѓето не треба да се судат врз основа на изгледот.

13. Експериментот со „исчезнато дете“

 

13


Луѓето често пати не ја забележуваат околината која ги опкружува. Токму оваа идеја била поставена на тест за време на експериментот со исчезнато дете. Фотографија со информации за исчезнато дете била ставена на секоја врата од продавниците. Некои луѓе застанале да го разгледаат флаерот додека другите едвај погледнале во него. Она што за овие луѓе било заедничко било тоа што тие воопшто не биле свесни за фактот дека момчето стоело пред продавницата. Експериментот покажува дека луѓето имаат тенденција да не ги забележуваат работите околу нив.

12. Поделен клас

 

12


Инспирирана од убиството на Мартин Лутер Кинг Џуниор, наставничката Џејн Елиот која им предавала на учениците од трето одделение, создала вежба во 1968 година за да им помогне на белите ученици да ги сфатат ефектите на расизмот. Таа го поделила нејзиниот клас во две групи: ученици со сини очи кои биле супериорна група и имале дополнителни привилегии и ученици со кафеави очи кои претставувале малцинска група. Таа им рекла дека групите не треба да разговараат и ги истакнала негативните аспекти на групата која ја претставила како малцинство. Веднаш забележала промени во однесувањето на децата. Учениците со сини очи имале подобри академски перформанси и започнале да ги малтретираат учениците со кафеави очи, додека овие деца имале намалена самодоверба и полоши академски перформанси. Следниот ден, таа ги променила улогите на двете групи: групата со сини очи станала малцинска група. На крајот од вежбата, децата биле толку среќни што се прегрнале едни со други и се согласиле дека луѓето не треба да се оценуваат врз основа на надворешниот изглед.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука