X
 10.08.2016 Наука

Зошто момчињата не треба да ги кријат своите чувства?


момче


 

Моментот кој имаше потенцијал да го промени животот на мојот 5 годишен син Никола. Еден ден си дојде дома откако денот го помина играјќи надвор. Паднал и си го изгребал коленото - фластерот не беше никаква помош, туку сакаше да плаче и да добие прегратка од мене, неговата мајка.


 

Влезе во кујната каде разговарав со мојот соседи започна да плаче. Мојот сосед ја стави неговата рака на рамото на мојот син, и токму кога помислив дека ќе каже нешто утешително, останав шокирана од она што излезе од неговата уста:


„Големите момци не плачат“, му рече остро на мојот син.

Откако си замина мојот сосед, на Никола му реков дека соседот греши. Искажувањето на емоциите на здрав начин е добро и се поддржува во нашиот дом.

И не сум единствена со ова размислување.

Неодамнешните клинички истражувања и документарец од 2015 година ги истражуваат опасностите и последиците од фразата „Момчињата не плачат“ како и од потиснувањето на емоциите кај мажите. Истовремено, експертите по психологија, пол и детска психијатрија започнуваат да сфаќаат дека со тоа што не им се дозволува на момчињата да ги изразат и сфатат сопствените чувства, им се дозволува да паднат во депресија и да го стават физичкото здравје во ризик.

„Момчињата имаат чувства и емоции. Нив им е потребна емпатија. Но кога им велиме: „Не плачи“, тогаш ја поставуваме невробиологијата на момчето и човечката потреба за врски против културата која вели дека момчињата никогаш не треба да покажуваат ранливост“, вели Џудит В. Џордан, директорка на Институтот за Џин Бејкер Милер при универзитетот Велесли.

Изолираното момче расте во изолиран маж кој страда од анксиозност, депресија и осаменост, покажуваат резултатите. Сето ова може да влијае врз физичкото здравје на човекот.

„Нашето ментално здравје и нашето физичко здравје се доста поврзани“, вели Мет Енглар-Карлсон доктор на науки во Кал Стејт Фулертон центарот за момчиња и мажи.

Центарот промовира истражување поврзано со менталното здравје на момчињата и мажите, вклучувајќи ги и ефектите на траума кај момчињата и како нивната социјализација, позитивна или негативна влијае врз нивното однесување подоцна во животот.

И на момчињата им е потребна утеха

Според експертите, решението започнува дома. „Домот треба да биде место за емотивна искреност. Но на многу момчиња им е дадена порака дома дека нивните емоции се срамни“, вели Д-р Анју Хуриа, психијатар и клинички професор по психијатрија и човечко однесување на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин.

Резузлтатите од овој идеал на „стоичко машко“ се момчиња кои не можат да ги изразат сопствените чувства, па често пати тие страдаат од депресија и анксиозност, и не можат да се справат со потешкотиите.

„На момчињата не треба да им се кажува дека треба да зајакнат. Тие ги сакаат истите емотивни односи кои ги имаат и девојките. Всушност, потребни им се. Податоците покажуваат дека разликата меѓу момчињата и девојките е доста мала. Но ние на момчињата им велиме дека покажувањето чувства е срамно“, вели Хуриа.

Тој срам е скриен и моќен. Овие момчиња имаат чувства но не можат да ги искажат на здрав начин бидејќи никогаш не биле вреднувани.

Проблемот започнува рано.


„Нашите податоци покажуваат дека разликите во начинот на кој момчињата се израснати започнува уште од мали нозе. Иако малите момчиња имаат поизразени емоции отколку девојчињата, ние не им овозможуваме да продолжат да ги изразуваат како што растат“, вели Енглар-Карлсон.

Тој го наведува примерот кога мало девојче и мало момче си ги изгребале колената. Девојчињата често добиваат прегратки, утеха и утешителни зборови од родителите, додека момчето често пати ќе слушне: „Ајде, биди маж“, „Немаш гајле“ или „Момците не плачат“.

„Момчињата се'уште не се мажи. Тие треба да се третираат како деца. И нив им се потребни прегратки и утеха“, вели Енглар-Карлсон.

Срамот води до емоционална болка

„Луѓето живеат од емпатијата. Потребно е да им помогнеме на нашите синови да се чувствуваат вклучени и љубопитни во нивните чувства, а не да се срамат и да се чувствуваат лошо. Хипер машкоста и индивидуализмот ги боли момчињата“, вели Џордан.

Резултатот од срамот е деструктивен. Според Енглар-Карлсон, момците имаат четири пати поголеми шанси да се самоубијат и да бидат жртви или сторители на насилство отколку девојките.

Негативните ефекти од реченицата „Биди маж“ не завршува со тинејџерските години. Мажите прават избор на животниот стил кој го ставаат во ризик од прерана смрт. Примерите вклучуваат неносење појаси во автомобилите или шлемови, впуштање во тепачки, некористење крема за заштита од сонцето и неодење на доктор за редовни здравствени проверки.

„Кога нашето емоционално здравје страда, нашиот систем не функционира добро. Емоционалната изолација на еден маж и стресот може да придонесат за срцеви заболувања“, вели Џордан.

Оваа емоционална изолација може да доведе до осаменост подоцна во животот. Енглар-Карлсон вели дека емотивно изолираните мажи стареат побрзо, и немаат човек за емоционална доверба.

И девојките имаат корист

Реченицата „Биди маж“ може да ги повреди и девојките.

„Кога им го кажуваме ова на момчињата, тие мислат дека мораат а искусат се' преку гнев. Кога момчињата не можат да го контролираат гневот и емоциите, тие можат да станат мажи кои ќе бидат агресивни кон жените“. Дури и тогаш кога агресијата не е вклучена, мажите можат често пати да почувствуваат срам кога покажуваат нежности, па како резултат на тоа страдаат односите.

Најлошото нешто кое може да му се каже на едно момче е: „Не биди како девојче“. Со ова се зајакнува идејата дека ако покажат чувства тоа е срамно бидејќи чувствата се поврзуваат со девојките.

Решавање на проблемот

Ако терањето момчињата да ги кријат чувствата има потенцијал да ги уништи нивните животи, што треба да се преземе околу тоа?

„Мора да им помогнеме на момчињата да ги искажуваат нивните емоции, да бидат љубопитни, љубезни, грижливи и внимателни. Но исто така, треба да се осигураме дека се безбедни и со нив не може да се манипулира или исмејува“, вели Џордан.

Таа ги охрабрува родителите да го направат домот безбедно место за емоционално изразување и комуникација.

И Хуриа има совет за родителите кога станува збор за воспитување емоционално здраво момче. Како што вели таа, се' започнува од родителите.

„Зборувајте за чувствата. Децата и родителите имаат способност да ја научат оваа вештина“, вели таа.

„Момчињата сакаат да знаат дека имаат поддршка од своите родители. Тие сакаат да знаат дека некој им го чува грбот“, додава таа.

Енглар-Карлсон ги охрабрува родителите да им покажат на своите синови дека постојат многу здрави опции за момчињата да се изразуваат и да ги сфатат нивните чувства.

Митот за „мамин син“

„Синовите се поврзани со мајките. Можете да им помогнете слушајќи ги и градејќи самодоверба“, вели Хуриа.

Џордан се согласува дека митот „мамин син“ е деструктивен и вли: „Момчето кое има близок однос со својата мајка често се смета за „плачко“. Но постои скапоценост во блискиот однос. Треба да ги поддржиме мајките кои се поврзани со своите синови. Со тоа тие ги подготвуваат за светот.

„Момчињата крвават и плачат исто како девојчињата. Треба да им оддадеме почит на крвта и солзите на момчињата исто како на девојчињата. Треба да им дадеме време и простор за изразување на нивните чувства“, завршува Енглар-Карлсон.

Проблемот е голем но одговорот е едноставен: оставете ги вашите синови да чувствуваат. Оставете ги да истражуваат. Оставете ги да се изразат себеси. И да, оставете ги да плачат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука