X
 02.05.2024 Живот

Враќање во времето кога интернетот беше забавен: Пристигнува „најсоцијалната мрежа“

Се сеќавате кога интернетот беше забавно место пред алгоритмите и рекламите? И ние се сеќаваме и затоа ја враќаме - стои во описот на новата социјална мрежа која ќе стане достапна во јуни, а сите заинтересирани можат да се пријават на листата на чекање уште сега.

Социјалната мрежа се вика „Носпејс“ и првенствено ја таргетира генерацијата З. Дали ќе успее на исклучително конкурентниот пазар можеме да видиме од таа листа на чекање, која веќе порасна на околу половина милион корисници.

Како што објаснува основачот на оваа мрежа, Тифани Жонг, денес социјалните мрежи повеќе наликуваат на медиуми, па затоа луѓето се „дружат“ во коментари на „Тик-ток“. Платформите се полни со професионални содржини, објави на луѓе кои не ги познаваме или организации и компании кои не ги следиме, кои се обидуваат да станат вирални, додека дружењето и поврзувањето со пријателите и семејството, падна во втор или трет план.

Жонг сега сака „Ноуспејс“ да ја направи најсоцијалната мрежа. Станува збор за мрежа која се стреми кон едноставност, а не виралност и првенствено ќе се базира на текст-постови и ќе има можност да се гледаат само објавите на пријателите. Нешто слично на раните денови на „Фејсбук“ и „Мајспејс“. Исто така, оваа социјална мрежа ќе ги охрабрува корисниците да создаваат објави поврзани со она за кое размислуваат, книгите што ги читаат или видеоигрите што ги играат, додека дизајнот на самата мрежа ќе биде помалку професионален во споредба со денешните платформи.

Жонг нагласува дека корисниците се фрустрирани од недостатокот на забава на интернет во последниве години, бидејќи професионалните објави го заменија она што требаше да биде забава и лежерна комуникација со пријателите.

Бројни претходни истражувања покажаа дека младите се под голем притисок поради социјалните мрежи бидејќи освен што треба да се докажуваат во реалниот живот, сега мораат да се докажат и во виртуелни простори каде сакаат да добијат што повеќе лајкови. коментари и слично.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот