Венера некогаш била планета во која бил можен животот, со океани и погодна температура за живот околу 2 милијарди години, велат научниците на НАСА.
Новото моделирање направено од страна на Годард институтот за вселенски студии укажува дека планетата имала прилично различно минато од нејзината сегашна форма.
Системите кои научниците ги користат за следење на климатските промени на Земјата можат да дадат увид за поранешниот климатолошки живот на другите планети.
„Голем дел од истите алатки кои ги користиме за моделирање на климатските промени на Земјата можат да се прилагодат на учењата за климата на другите планети, и во минатото и во сегашноста“, вели Мајкл Веј, истражувач и главен автор на истражувањето. „Овие резултати покажуваат дека античка Венера била многу поразлично место од она што е денес.
Венера како што ја знаеме денес е пеколно место со температури повисоки од 462 степени Целзиусови. Таа има јаглерод-диоксидна атмосфера 90 пати подебела од онаа на Земјата и речиси нема водена пареа.
Сепак, научниците веќе долго време сметаат дека планетата некогаш била составена од елементи слични на Земјата, но со оглед на нејзината близина до Сонцето, таа имала поинаков еволутивен пат.
Доказите од пионерската мисија од 1980 година покажуваат дека постои можност Венера некогаш да имала океан.
Работејќи на оваа претпоставка, НАСА искористила модел на земја-океан (како на фотографијата погоре) во климатски модел за да покаже како облаците ја заштитиле античка Венера од слината сончева светлина и ја направила животната средина на планетата погодна за живот.
Венера е втората најблиска планета до Сонцето и на тој начин добива голем дел од сончевите зраци за кои научниците веруваат дека предизвикале океаните да исчезнат, а подоцна и произвеле тешка атмосфера на јаглерод диоксид.
НАСА исто така работела на претпоставката дека побавната ротација на планетата не мора да значи погуста форма.
„Во симулацијата, бавното вртење на Венера го изложува својот ден на Сонцето скоро 2 месеци“, вели ко-авторот и научникот Ентони Дел Генио. „Ова ја загрева површината и произведува дожд кој создава дебел слој на облаци, кои делуваат како чадор за заштита на површината од соларното затоплување“.
Тој вели дека ваквото сценарио би значело климатски промени кои биле неколку степени постудени од оние денес на Земјата.