Не толку светло предвидување за нашата иднина доаѓа од комапнијата „Фрничр ет ворк“, која заедно со научници и дизајнери создадоа мал 3Д модел на човек од иднината кој е „осуден“ да работи од дома. Потечени очи, подгрбавен грб и канџи на рацете се нашата иднина и иднината на нашите деца. Но, дали е можно да се спречи појавата на деформитети или веќе ја поминавме точката од која нема враќање?
Работата од дома, за време на ковид-пандемијата, исклучиво беше резервирана за ИТ експертите - дигиталните номади кои на кој било начин не се врзани за канцеларијата.
Сепак, пандемијата им овозможи работа од дома и на голем број други експерти, кои поради забраната за движење го почувствуваа шармот на работата од дома: станување подоцна, достапни оброци, минимални трошоци за гориво и слично. Но, работата од дома, колку и да изгледа погодно, има свои недостатоци, бидејќи често се случува да се мешаат работата и приватниот живот, па работното време да се одолговлечи.
Научните истражувања кои компанијата „Фрничр ет ворк“ ги направила заедно со здравствени експерти имале за цел да ги истражуваат потенциајлните штетни последици од работењето од дома, а по добиените резултати беше направен 3Д модел на идниот човек со цел графички да се прикажат сите промени на телото што би настанале како резултат на постојана употреба на уреди, лошо држење на телото и небалансирана исхрана.
Моделот го доби името Ана, а нејзиниот подгрбавен грб, раце со канџи и потечени очи никого не оставаат рамнодушен, особено ако се земе предвид фактот дека Ана има 25 години. Дали ова е блиската иднина за сите нас?
Неправилно држење и подгрбавен грб
Редовната употреба на уреди доведе до лошо држење на телото, а бидејќи повеќето од оние кои избираат да работат од дома одлучуваат да го поминат работното време во кревет (бидејќи, ќе се согласите, одлично е да работите од кревет во пижами), тоа е држење кое најмногу страда. Годините поминати во работа од кревет или тросед, седење во неправилна положба, може да го оштети 'рбетот и да доведе до кифоза - деформитет што се карактеризира со претерано закривен горен дел од грбот.
- Недостигот од редовно движење и ергономската неефикасност може да доведат до мускулно-скелетни нарушувања, а хроничната болка и дегенеративните состојби се сигурна иднина за сите оние кои долго време седат во неправилна положба. Хроничните болки во вратот и грбот се едни од првите симптоми на оваа состојба - вели д-р Сони Шерпа, холистички лекар од компанија за органски велнес.
Канџи на рацете и криви прсти
Значајна анатомска промена е забележана и во рацете на Ана, кои како резултат на постојаното држење на мобилен телефон и други уреди, се деформирале. Овој деформитет настанал поради постојаниот грч на мускулите на рацете, па се очекува во иднина прстите целосно да ни се искриват, а долгите женски нокти да имаат изглед на канџи.
Потечени очи и испукани капилари
Сината светлина што ја емитуваат екраните има многу штетно влијание врз нашите очи, а без доволна количина на дневна светлина или силна светлина во канцелариите, напорот што го трпат нашите очи е уште поголем. Научна студија спроведена во 2021 година, исто така, откри дека секој трет жител на Велика Британија кој работи од дома има проблеми со видот, а 3Д моделот Ана покажува и како ќе изгледаат нашите очи за 70 години: ќе имаме отечени очни капаци со темни подочници како и брчки околу очите предизвикани од прекумерното мижење на екраните на телефоните, таблетите и лаптопите.
Како превенција од оваа состојба, се препорачува правилото 20-6-20: по 20 минути работа, фокусирајте го погледот 20 секунди на нешто што е оддалечено околу 6 метри од вас - ова ќе ви помогне очите да се одморат и да се избегне оштетување на видот.
Извор:
b92.net
Фото: Instagram