X
 27.03.2018 Образование

СПУКМ: Новиот закон посегнува по студентската автономија




Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) смета дека предлог законското решение за високото образование ја руши студентската автономија.
- Наместо зачувување на автономијата, на најбрутален начин се руши студентската автономија и организирањето на студентите. Изборите за студентските претставници на факултетстките студентски собранија ги распишува деканот наместо самите студенти – велат од СПУКМ.

Тие сметаат дека не е добро што со новото тело Универзитетско студентско собрание се наметнува делегатски систем на гласање кој ќе одлучува кој ќе биде претседател.
- Идејата со ова очигледно им е да не вратат години наназад или во претходниот систем, кога функционираше делегатски систем – реагира СПУКМ.
Според нив не е добро и што студентскиот правобранител наместо од студентите ќе се избира на седница на Универзитетскиот сенат и на сенатот ќе треба да му поднесува извештаи за неговата работа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование