X
 17.08.2016 Живот

Зошто треба да поминете два часа во тишина секој ден?



Живееме во многу динамично и стресно време, што не ни дава простор ниту да забележиме колку всушност се затруени нашите мозоци заради се она што се случува околу нас. Многу ни пречат и различни звуци кои постојано ги слушаме, па поради тоа доаѓа и до стрес, депресија и анксиозност.

Човечкото уво е програмирано да слуша одредени звуци секојдневно без воопшто и да обрнува внимание на нив. Луѓето не ни сфаќаат колку тоа влијае на преголемата стимуалција на мозочните ќелии. Според научните истражувања, настанува многу голема штета. Но дали таа штета може да биде намалена?

Тишината е таа која ги регенерира мозочни ќелии, велат научниците.

Еден до два часа на ден поминати во тишина доведуваат до поголемо здравје како на мозокот, така и на целото тело. Во тишина, нашиот мозок се адаптира на помирна состојба, што доведува до чувство на релаксираност и мир. Се регулира дишењето, па дури и доаѓа до намалување на стресот, бидејќи во тие моменти не сте изложени на многубројни информации кои ги слушаме и гледаме преку медиумите.

Во тишината се регенерираат мозочните ќелии, се подобрува меморијата. Резултат на тоа е и поздраво тело, затоа што се започнува од тие сиви ќелии. Тие одговараат на сето она на коешто се изложени.

Научниците сметаат дека е потребно и да се намали следењето на медиумите. Доколку успеете во текот на денот два часа да поминете без телевизор, радио или интернет, ќе го увидите позитивното дејство на мирот и тишината. Кога седиме во тишина, стануваме повеќе свесни за својата околина и обрнуваме повеќе внимание на сето она што не опкружува, како звуците на природата, што значи ги развиваме нашите сетила, но во друга димензија, која не е стресна и динамична како реалната.

Тишината му дава можност и на самиот мозок да се фокусира и тоа на природен начин. Со ова се подобруваат вештините за концентрација и внимание. Според научниците, поминувањето во тишина ни овозможува и поголема отвореност и искреност кон самите себе. Односно, сме се повеќе свесни за сопствените мисли, чувства и желби. Со тоа учиме подобро да ги идентификуваме проблемите, но и да најдеме поефикасно решение за истите.

Живеејќи во брзо и стресно време, забораваме на важните моменти во сегашноста. Поминувањето некое време во тишина ни помага и повеќе да го цениме „сега“.
Подготвил: М.П.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот