Ако мислевте дека со квадрат повеќе ќе се чувствувате поудобно во вашиот дом, погледнете ги фотографиите од уникатното место на Тибет и најголемото будистичко училиште во светот. Лоциран во истоимената долина, во градот Сертар, Ларунг Гар е дом на илјадници луѓе.
Фото: Freepik
Овде луѓето поминуваат часови во медитација, шетајќи по падините со црвени колиби во кои се повлекуваат во тишина.
Будистичката академија е основана во раните 80-ти години и имала само 32 члена во тоа време. Постепено растела до 1997 година, кога станала популарна. Бидејќи Ларунг Гар се наоѓа на речиси 4.000 метри надморска височина, често се нарекува „град на небото“ или „град во облаците“. Пред неколку години, населението се зголеми на 40.000, што не им се допадна на кинеските власти, кои одлучија дека населението мора да се намали на 5.000.
Фото: Freepik
Дел од домовите беа урнати, а жителите мораа да потпишат дека никогаш нема да се вратат во Ларунг Гар.
Фото: Freepik
Четири илјади луѓе се иселиле и нашле нов дом. Бидејќи населението не разговара со странци, а движењето на туристите е многу ограничено, тешко е да се дојде до вистината за тоа што се случува во Ларунг Гар.
Фото: Freepik
Извор:
24sedam.rs
Фото:
Wikipedia