Мислите дека кражбата на кредитната картичка или податоците за неа не може да ви се случи вам? Доколку не ги преземете вистинските мерки за безбедност, може лесно да станете цел на измамниците и крадците.
Д-р Бред Клонц е финансиски психолог и еден од основачите на институтот за финансиска психологија во САД. „
Mashable“ разговарале со него за да дознаат повеќе за начините на кои може да се зачува безбедноста кога станува збор за кредитните картички. Што може да научиме од него?
Предупредувања и чување на информациите
Можете да знаете кога се прави сомнителна активност со вашиот профил. Влезете во профилот на банката и побарајте дали се нудат известувања со кои би добиле порака или и-мејл кога имате трансакција од голема сума.
Менувајте ги лозинките
Ова е наједноставната работа која може да ја направите за да се заштитите. Вашата лозинка треба да биде тешко за погодување и да има комбинација од броеви, симболи и големи букви. Не треба да биде едноставна лозинка која е поврзана со вас, како вашиот роденден или слично.
Набљудувајте ги парите
Издвојте време да ги проверите парите и активностите на сметката преку апликација или на компјутер. Доколку забележите мали промени кои не ги препознавате, дури и доколку сумите се мали, известете ја банката.
Одбегнувајте јавни интернет-мрежи кога плаќате
Проверката на балансот или плаќањето не е добро да се прават со јавно wi-fi бидејќи на тој начин може лесно да станете цел на сајбер-криминалци.
Бидете свесни за она што може да се случи
Кражбата на личните податоци преку интернет е и претворањето во друга личност. Не паѓајте на тоа! На прв поглед, и-мејлот може да изгледа во ред сè додека забележите нешто необично во него. Доколку нешто не изгледа како што треба, веројатно така е. Едноставно, секој кој бара пари преку и-мејл треба да биде игнориран.
Обрнете внимание и на читачите за картички. Доколку се поголеми од нормалното и имаат додатоци кои не сте ги виделе кај другите, можеби се читачи со кои се крадат податоците од картичките.