X
 13.10.2018 Живот

Жената што ја плати сликата на Бенкси ќе ја задржи иако е уништена

Жената што на славната аукција ја купи сликата на Бенкси за повеќе од милион фунти вели дека ќе ја задржи и покрај тоа што, во сосема неочекуван развој на настаните, сликата се самоуништи.

По само еден момент откако беше објавено дека сликата „Девојче со балон“ е продадена на аукција во лондонската куќа „Сотби“, таа се самоуништи. Од компанијата „Пест контрол“, која го застапува Бенкси - мистериозниот уметник чиј идентитет сè уште е мистерија, истакнаа дека самоуништената слика добила ново име: „Љубовта е во кантата“.

Од „Сотби“ потврдија дека делото е продадено за 1.042.000 фунти и дека новата сопственичка ќе го плати целиот износ.

Жената што ја купила сликата, а сака да остане анонимна, истакнала дека првин била шокирана, но потоа сфатила дека ќе поседува едно посебно парче уметност.

Сè уште не е разјаснето како се активирал механизмот во рамката и го исекол платното на тенки ленти.

Фотографијата од шокираните купувачи што гледаат во уништената слика стана хит на интернет и го обиколи светот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот