08.08.2019
Забава
Зелениот „ролс-ројс“ на Елизабет Тејлор продаден за половина милион долари
Зелениот „ролс-ројс“ на Елизабет Тејлор беше продаден вчера на аукција во Њујорк, за 520.000 долари. Името на купувачот на популарната „зелена божица“ не се соопштува, пренесе ДПА.
Очекувањата на аукциската куќа „Гернзи“ биле дека возилото би можело да достигне и четири пати повисока цена.
Автомобилот бил обоен во зелено на специјално барање на глумицата, оти тоа била нејзината омилена боја. Го добила за подарок во 1960 година од тогашниот сопруг Еди Фишер. Обожавателите најмногу го помнат возилото по нејзиното гламурозно појавување на сетот за филмот „Клеопатра“ во Рим.
Тејлор го користела автомобилот 20 години, по што тој бил купен од калифорнискиот колекционер Карл Кардел.
Тој, пак, е цврсто уверен дека глумицата немала возачка дозвола и оти никогаш не седнала зад воланот.