X
 21.08.2016 Живот

Во Германија се гради најголемиот комплекс на пасивни куќи

Комплексот Хајделберг Вилиџ е дизајниран од Frey Architekten , биро за одржлива архитектура, ќе користи соларна енергија, ќе се состои од 162 единици, а ќе има и дополнителни одржливи карактеристики како на пример, вертикални градини.

 

зграда

 

Волфганг Фреј, основачот на бирото го дизајнирал за да одговара на различни луѓе. Комплексот содржи од еднособни апартмани до апартмани погодни за неколку-члена фамилија. Секој од нив има балкон, а енергетската ефикасност е овозможена со соларното напојување и модерните системи за вентилација. Исто така конструкцијата ќе ја красат и вертикални градини. Дури и бојата на ѕидовите ќе ги оксидира штетните гасови „во безопасни нитрати.“

Овој комплекс е дизајниран врз основа на Принципот на пет прсти на Фреј кој гледа холистички на одржливоста, како и на екологијата, достапноста, интеграцијата, иновативноста и профитабилноста“, како дел од процесот. Целта е да се изгради објект што ќе трае многу долго. Проектот е планиран на да се заврши во 2017 година.

Архитектите најавиле и план за програма за ручек дизајнирана да ги поврзи луѓето што ќе живеат во Хајделберг Вилиџ и оние што учествуваат во конструирањето. „Нашата идеја е да изградиме силен идентитет на заедницата преку покана на потенцијалните жители на комплексот на супа во нашата неделна кујна за да се сретнат со работиниците и да научат што се случува зад сцената. Преку постојана интеракција целиот комплекс ќе се поврзи преку храната и пријателствата“ – изјавила Волфганг Греј за медиумите.

 објект

 пасивни згради

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот