Во Њујорк се сместени некои од највпечатливите згради во светот, но може да биде тешко да ѝ се восхитувате на таа архитектура. Пешаците си ги издолжуваат вратовите за да ги видат зградите додека стојат на тротоар на кој има метеж. Луѓето поминуваат покрај уникатните фасади секој ден, но поради градскиот метеж, воопшто не ги забележуваат.
За да им даде нов живот и шанса за ценење на зградите кои њујорчаните ги игнорираат, артистот Марк Јанкус направил серија фотографии во кои се отстранети возилата, луѓето и животните. Крајниот резултат се фотографии на кои може да се види празен Њујорк, како некој да шетал по градот на први јануари или по некоја зомби-апокалипса.
Користејќи „Фотошоп“ за дигитално да манипулира со неговите панорами, тој покажува значајни обележја што стојат во тишина.
Можеби изгледа чудно отстранувањето на животот околу една зграда за да ѝ се оддаде почит. Архитектурата е толку ефикасна колку и нејзините интеракции со луѓето што ја користат. Но, Јанкус верува дека неговиот труд им дава на зафатените њујорчани мал момент да ги ценат зградите покрај кои често поминуваат.
- Во моите портрети од зградите во Њујорк целта ми е да занемам дел од визуелната врева, која може да го одвлече вниманието од нивната основна убавина, овозможувајќи му на гледачот да ја види целината на секоја зграда и помагајќи му да го види градот одново - истакна
артистот.