X
 28.08.2016 Живот

Еве зошто треба да ги менуваме почесто очилата за сонце?

Очилата за сонце треба да бидат заменувани секои две години, предупредуваат научниците. Зраците од сонцето ги оштетуваат леќите со тек на време, што значи дека постепено му дозволуваат на УВ зраците полека да продрат, а со тоа обезбедуваат мала заштита. Без соодветни УВ филтри, окото е изложено, а штетата може да предизвика долгорочна, неповратна штета на видот.

Бразилските научници сега повикаа на стандарди за подобрување кои го тестираат квалитетот на очила за сонце, за да може да се утврди дали безбедносни граници за филтри може да се изградат. Тие велат дека нов тест ќе гарантира дали очилата за сонце се безбедни за носење за период од 2 години.

 

Еве зошто треба да ги менуваме очилата за сонце?  

 

Изложеноста на сончева светлина е различна низ светот, но тропските земји имаат највисок износ, како што УВ нивоата се многу високи во летото и остануваат високи и во зимата. Токму затоа очилата за сонце во јужната хемисфера може да треба да се заменуваат почесто, отколку оние во севрната половина. Леќите исто така може послесно да се скршат како резултат на постојана изложеност на сончева светлина, велат експертите.

 
И носењето очила за сонце кои не нудат соодветна заштита, може да предизвика “oedema“,  искривена визија од поточени очи. Исто така може да резултира со катаракта, каде леќата на окото станува заматена, влијаејќи на визијата и птеригиумот, растот на розово, месесто ткиво на белката на окото, што може да му пречи на видот. Подолгото изложување на УВ зраците исто така може да ја оштети макулата, дел од мрежницата одговорна за поголемиот дел од видот.

Професорот Лилијан Вентура од Сан Паоло Универзитетот, рече: “Очниот проблем е сериозен проблем во целиот свет, а особено во тропските држави каде УВ индекси се многу високи во текот на летото. Во повеќето земји во јужната хемисфера, стандардите за очила на сонце не се соодветни за ултравиолетовите услови. Очилата за сонце играат важна улога обезбедувајќи безбедност, а нивите леќи треба да обезбедат соодветни УВ филтри“.

Во моментот тестирањето е употребено во Европа, Австралија, Нов Зеланд и делови од Јужна Америка и пресметува колку леќите се влошуваат како резултат на изложувањето на сонце. Како што објаснуваат научниците светилка од 450 вати е еднаква на 2 дена во природна средина на сончев ден, или 4 дена во зимски период.

Но професорот тврди дека сегашното тестирање е неефикасно во својата сегашна форма и всушност не го мери квалитетот на очилата за сонце. Откритијата од студијата беа објавени во списанието “ Biomedical Engineering OnLine“. 

 


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот