151 пилот од 30 различни земји имаа можност да учествуваат на 14-то
Европско првенство во параглајдерство кое се одржа од 8-ми до 20-ти август во
Крушево.
Свечената церемонија се одржа во седиштето на самиот натпревар. Овој спорт во изминативе неколку години на Македонија ѝ донесе големи успеси позитивно оценети низ ранг листите на Светската Воздухопловна федерација ФАИ.
Крушево е едно од местата на Балканот кое нуди најдобри услови за параглајдерство.