Вчера, меѓународниот Славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе беше домаќин на деветтата по ред меѓународна научна конференција – МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД со приближно 200 учесници.
Работната сесија на конференцијата е организирана во работни секции:
• Право и политикологија
• Економија и менаџмент
• Педагогија и психологија
• Филозофија, лингвистика, културологија
• Безбедносно инженерство и информатика
На конференцијата, освен истакнати научни работници од повеќето универзитети во Македонија, присуствуваа и претставници од:
• Тамбовски државен универзитет „Гаврило Романович Держави“ од Тамбов, Русија;
• Липецки педагошки државен универзитет од Липецк, Русија;
• Великотрновски универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Бугарија;
• Паневропски универзитет „Апеирон“ од Бања Лука, БиХ;
• Универзитет „ВИТЕЗ“ од Травник, БиХ;
• Факултет за политички науки од Виена, Австрија;
• Универзитет „Кадри Зека“ од Косово;
• Филозофски факултет од Ниш, Србија
• Универзитетот од Ел Пасо, Тексас - САД
• Здружение „Одржлив развој за Бугарија“ од Софија, Бугарија
• Варненски слободен универзитет „Черноризец храбар“, Бугарија
• Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија
Паралелно со конференцијата беа организирани и две изложби -
• Mеѓународната изложба „Свет, живот, уметност“ со над 900 уметнички дела на уметници од целиот свет
• Изложбата „Власите во Македонија“ проследена со настапи со влашки песни.