Со векови наназад старите поговорки на луѓето им објаснуваат дека доколку сакаат да доживеат успех, на патот до тој успех мораат да доживеат и да се соочат со падови и неуспех.
Еден професор, патот до успехот се обидел да го долови со банкнота од 20 фунти. Имено, студентите за време на социолошката задача заклучиле дека парите имаат иста вредност и тогаш кога се стуткаат, и тогаш кога се валкани или свиткани неколку пати.
За крајната лекција, професорот повлекол паралела на вредноста на фунтата и вредноста на луѓето.
„Денес сите научивте важна лекција. Без оглед на тоа колку ја туткам оваа банкнота, и без оглед на тоа колку пати ја виткам, без оглед на тоа колку пати е прегазена, вие и понатаму ја сакате бидејќи вреди како и претходно. На истиот начин задржете ја вашата вредност. Без оглед на тоа колку пати животот ќе ве изгази, стутка, притисне, вие и понатаму треба да ја здржите вашата вредност“, вели професорот.