X
 29.08.2016 Наука

За зависноста од кафе е виновна генетиката

Генерално кафето е дневен ритуал на многу луѓе, а желбата за пиење постанува потреба, често и зависност. Оние што не го обожаваат вкусот на кафе и ефектот на кофеинот пак, се чудат на таа постојана потреба од кафе, а дури и на луѓето што сакаат да пијат, но во помали количини им е чудно како може некои луѓе да пијат неколку шолји полни кофеин на ден.

кафе


Најнови истражувања покажуваат дека можно е да постои генетска причина зошто некои луѓе се многу повеќе наклонети кон кофеинот од другите. Според студијата, ако имаме ДНК варијација во генот PDSS2 склони сме кон помалку кафе од другите. Телата на оваа варијација во генот имаат намалена способност да го разложуваат кофеинот и научниците сметаат дека кофеинот што се консумира останува во телото подолго за да се објасни физичкиот аспект и желбата за следна шолја кафе. Кофеинот има ефект врз будноста, но некои консументи имаат негативни ефекти, како иритабилност, проблеми во стомакот и немир.

Во Италија биле направено истражување со повеќе од 1200 луѓе во 7 села. Учесниците со варијацијата PDSS2 пиеле во просек една или помалку шолји на ден од оние без таа варијација на гените. Друго истражување во Холандија покажало помала разлика меѓу двете групи на консументи (со и без варијација на гените), но научниците за ова додале и дека Италијаните пијат во помали шолји од Холанѓаните.

„Мораме да направиме поголеми истражувања за да го потврдиме откритието и да ја разјаснеме биолошката поврзаност помеѓу PDSS2 и консумацијата на кафе“ – изјавил Никола Пирасту, еден од истражувачите за медиумите.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука