X
 01.06.2018 Технологија

Најдобриот начин да се справите со зависноста од телефонот



Во светските медиуми „Гардијан“, Ен-би-си и Си-би-ес њуз осамнаа написи со следнава содржина: „’Фејсбук‘ треба да се регулира како и индустријата за цигари“, „Предолго време пред екран дејствува како дигитален хероин врз вашите деца“, „Зависноста од интернет влијае врз мозокот на сличен начин како и кокаинот“...


Девојка со ајфон во рацете
(Фото: Pixabay)


На почетокот од месецов „Гугл“ претстави низа алатки кои на сопствениците на мобилни телефони би требало да им овозможат урамнотежен дигитален живот, со образложение дека 70 отсто од корисниците побарале помош во врска со регулирање на времето поминато на електронските уреди.

Групата „Digital Wellness Warriors“ неодамна, исто така, упатила апел до компанијата „Епл“ да примени слични мерки, и објавила серија алатки кои би можеле да придонесат за подобра ментална благосостојба на корисникот кога станува збор за технологија.

Компанијата одговорила дека нејзините можности по ова прашање се ограничени поради самата природа на нејзиниот оперативен систем, што значи дека корисниците на iOS ќе мораат барем уште одредено време да се стрпат за слична опција.

Во продавницата на „Епл“ засега постојат низа апликации за подобро следење на времето поминато на телефон и на социјалните мрежи, но се чини дека еден начин засега се издвојува како најефикасен.

Станува збор за поставки на ајфон, со чија помош бојата на екранот може да се постави на монохромна варијанта.

Многу корисници рекле дека овој „трик“ им помогнал да се справат со зависноста, бидејќи црно-белиот екран бил „помалку привлечен и интересен“.

Доколку ни тоа не помогне, компанијата можеби би можела да го послуша „Њујорк тајмс“, кој на почетокот на годината објави статија со наслов „Време е ’Епл‘ да направи телефон што предизвикува помала зависност“.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија