X
 29.09.2018 Култура

Зошто децата во Финска на училиште одат облечени во користена облека?

Иако Финците се многу побогата нација од сите нации на Балканот, родителите своите деца не ги испраќаат во скапа облека, во која не можат да играат, да се валкаат, да трчаат во дворот, да се тркалаат во тревата. Нивните родители ги облекуваат во удобна облека, скромна и прилагодена за децата. Финците не сакаат да се рафрлаат со пари па децата во тој период добиваат половна облека бидејќи за брзо време ја израстуваат, а и затоа што децата можат слободно да играат, да се дружат во природа без воопшто да се грижат.

Продавниците за купување користена облека се вистински избор и тука се купуваат доста работи, но не и чевли. Додека се мали, на децата не им се купуваат нови и скапи работи. Тоа е нормално. Но, се чини дека во посиромашните земји родителите се натпреваруваат да купат што поскапа облека за нивните деца, додека Финците се оперирани од тоа, барем не во период кога нема смисла.

Иако финските родители немаат никакви трошоци околу школувањето на нивните деца, бидејќи екскурзиите, ужината им се платени од државата, тие не се расфрлаат со пари и се доста рационални. Децата и на најмала школска возраст остануваат сами, одат сами со другарчињата на училиште и генерално, се многу посамостојни од децата кај нас.

Затоа е неопходно родителите, уште од најрана возраст, да ги научат децата за сето она што ќе им помогне за да станат одговорни и самостојни.

Финците уште од мали нозе ги учат децата да извршуваат разни работи низ домот во согласност со нивните психофизички можности, и тука нема компромис. Децата не мислат дека работата низ дома е некоја товар или казна, туку како нешто што е сосема нормално. Финска е држава во која знаењето и работата се важни, па затоа во основните училишта занаетчиството е задолжителен предмет од прво одделение, а од седмо до деветто одделение и предметот домаќинство, каде тие учат готвење, сервирање, финансии во домаќинството, здравје и исхрана. Децата учат да плетат, кројат, шијат, да работат со дрва, да извршуваат ситни поправки, да пеглаат...

Децата немаат домашни задачи, бидејќи се смета дека е особено важно на децата да им остане време за игра и слободни активности. Финците сфаќаат дека децата со одењето во школо не стануваат возрасни, туку и понатаму се деца, но и ученици. Наставната содржина на оваа возраст се извршува низ игра, а често наставата се одржува и во природа, на воздух. Опуштена атмосфера, учење низ игра и честиот престој на свеж воздух придонесуваат за успехот.

Децата од прво одделение не се приморани да седат мирно во клупите, бидејќи тоа за нивната возраст е неприродно и мачно. Во Финска, децата може да шетаат низ училницата, да седат на клупите бидејќи целта е сите да разговараат и да дискутираат за лекцијата, и да не седат мирно. Седењето мирно и максималната концентрација се развива постепено, и кога малку ќе пораснат, децата самите седат во клупите. Важно е да се следи природата на детето. А во природата на детето на таа возраст, сигурно не е мирното седење, барем не во прво одделение. Стекнувањето дисциплина, работни навики, одговорност, усвојувањето на новите правила не се развиваат преку ноќ, ниту со строг тренинг. Во Финска.

А во Македонија?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура