X
 30.08.2016 Наука

"Работи кои посакувам да ги знаев пред да станам астронаут"

Шенон Вокер аплицирала пет пати во период од 14 години пред таа конечно да биде избрана за астронаут.

 

1


1. Не постои пат кој води до професијата астронаут. Сите астронаути имаат факултетски дипломи во наука, инженерство или медицина, но освен тоа, не постои специфичен пат кој ќе ве доведе до НАСА. Единственото нешто кое ги поврзува луѓето е тоа што сие биле натпросечни студенти. Моите дипломи се од физиката и вселенската физика. Започнав да работам во Центарот за вселена Џонсон во Тексас како контролор на роботика. 17 години подоцна во комбинација со докторат, бев избрана како кандидат астронаут.

2. Изборот на астронаут е многу поконкурентен отколку што мислите. Вработувањето во НАСА вклучува минување на голем број процеси на избор: 18.000 луѓе аплицираат од кои се избрани околу 8 нови астронаути. Потребно е да бидете исклучително добри во она што го работите, меѓутоа треба да имате во предвид дека освен тоа потребно ви е и да имате среќа. Некогаш, и да сте доста квалификувани, сепак да ве прескокнат, врз основа на тоа што ѝ е потребно на НАСА во текот на тој циклус - можеби потребни се доктори или тест пилоти, па бараат некој со таква позадина отколку инженер. Дури и да сте личноста која тие ја бараат во тој момент, сепак треба да поминете низ интервјуа и долго медицинско тестирање за да бидат сигурни дека сте доволно здрави. Плус, НАСА вработува на неколку години бидејќи е потребен вистински акт на Конгерсот за да се вработи астронаут. Јас стигнав до последната фаза на процесот на интервјуа пет пати во период од 14 години пред конечно да бидам избрана во 2004 година.

 

2


3. Ќе поминете 90% од времето на Земјата. Во текот на врвот на вселенската програма, НАСА испраќаше 40 до 50 луѓе во вселената на годишно ниво. Денес испраќа најмногу 4-ца. Има околу 45 активни астронаути такашто ќе летате еднаш на 10 години. Патувањето во вселената е неверојатно - и тоа е причината поради која сите се одлучуваме за оваа професија - меѓутоа мора да ја сакате професијата и она што ќе го правите на Земјата, со оглед на тоа што тука ќе го поминете поголемиот дел од времето.

4. Во првите неколку години, ќе се чувствувате како да сте се вратиле на училиште. Кога ќе ве изберат за прв пат, ќе поминете две годишна обука пред дa добиете право за првиот лет во вселената. Поголемиот дел од обуката се одвива во училница: слушате предавања, полагате тестови и учите за системите на вселенската станица. Иако секој доаѓа со диплома од високо образование и техничка позадина, сепак секому му се потребни две години за да ги научи основите. Обуката за мојот прв лет траеше околу три години - беше потребно да поминам низ секој детал од програмата за само еден лет.

 

3


5. Мора да бидете во најдобра форма. Менталната кондиција очигледно е важна за еден астронаут, меѓутоа истото важи и за физичката кондиција. На пример, вселенските прошетки се исклучително физички тешки. Тренираме за нив во огромен базен и носиме костум кој тежи околу 130 килограми. Секоја тренинг сесија трае околу шест часа, што е подолго отколку трчање на маратон - во текот на овие шест часа сте под вода, влечкајќи го костумот, а отпорот на водата ве влечи назад. Ова е веројатно еден од најтешките делови на обуката. Дури и ако не ви е дадена мисијата, ќе мора да го извршувате тренингот на неколку месеци.

6. Никогаш не раководите со сопствениот распоред. Ако ви е дадена задача за вселенски лет, ова значи дека три години, некој друг ви кажува кога мора да се појавите на работа, што ќе правите тој ден, кога ќе се качите на авион и кога ќе патувате во друга земја. Откако ќе бидете во вселената, друг тим го прави вашиот распоред во текот на денот и што вие треба да правите. Ако не можете да се помирите со тоа дека немате контрола врз сопствениот живот, тогаш нема да бидете добар астронаут.

 

4


7. Да се биде астронаут е повеќе начин на живот отколку работа. Не секогаш избирате кога да работите: додека чекате да  ви доделат лет, може да имате одредени технички задачи во контролниот центар. Исто така, не избирате каде ќе живеете: Вселенскиот центар Џонсон е местото каде се случува нашиот тренинг, такашто сите астронаути живеат во областа на Хјустон.  Исто така тренираме во Јапонија, Русија, Германија и Канада, каде имаме меѓународни партнери, такашто астронаутите живеат и во овие места.

8. Вие сте владин службеник, такашто ви плаќаат и таква плата - тоа значи дека нема да бидете богати. Во старите денови, сите астронаути добиваа „Corvettes“ но повеќе тоа го нема. Кога сме на вселенско патување добиваме мала стипендија за инцидентите бидејќи патувањето се смета за „владино патување“. Мислам дека заработив 354 долари плус во текот на моите шест месеци во вселената.

9. Учењето на рускиот јазик е прилично задолжително. Моментално, Русите се нашиот главен партнер и ние ги користиме нивните вселенски летала, такашто тренингот е на руски. Започнав да учам руски во текот на моите 40-ти, и беше доста тешко. На вселенската станица официјално јазикот е англиски. Но секој има различни јазични вештини, такашто мора да се сретнеме некаде на средина. Кога зборуваме со нашите контролни центри, зборуваме англиски; ако зборуваме со рускиот контролен центар, тогаш зборуваме на руски.

 

5


10. Професијата е особено тешка за оние со семејства. Денес, типичниот вселенски лет е шест месеци. Пред вашиот лет, вие тренирате две или три години, работите долги часови и имате обука во други земји. Потоа сте во вселената шест месеци, и кога ќе се вратите, се'уште имате активности кои траат шест месеци - јавни настани, рекондиционирање (адаптирање на вашето тело на животот на земјата) и така натаму. Најмалку 4 години не сте дома. Затоа за вашето семејство би било многу тешко. Ако имате деца, тогаш мора да имате партнер кој ќе биде независен и кој ќе се снаоѓа без вас. Нема мобилни телефони во вселената, меѓутоа имаме меилови и voicover, па ако сакате можете да ги контактирате.

11. Невозможно е да знаете како е чувството на нулта гравитација се' додека не летнете во вселената.
Не постои вистинска „нулта гравитациона комора“ на Земјата. Секако, постојат многу симулатори, меѓутоа дефинитивно не можете ни да замислите се' додека не сте таму. Таков е случајот за многу нешта - така на пример, миењето на коса. Треба да користите сув шампон, меѓутоа не смеете да искористите премногу затоа што нема да ја прими вашата коса (бидејќи нема гравитација).

12. Патувањето во вселената влијае врз вашето тело. Телото работи неверојатно добро во вселената меѓутоа постојат неколку клучни разлики. Потребно е да вежбаме секој ден за да спречиме мускулна атрофија, меѓутоа не ги користиме истите вежби како на Земјата. Кога ќе се вратиме на земјата потребно е време да се приспособиме. Можеби сме физички силни, но сме заборавиле да правиме едноставни работи како што е одењето.

13. Мора да бидете добри во се'.
Дополнително на сопствените способности, ќе треба да бидете добри прилично во се'. Важни се механичките вештини, бидејќи голем дел од работата што ја извршуваме се монтажни експерименти или одржување на вселенската станица. Мора да се разбирате во широк спектар од технологијата. Јавниот говор е исто така дел од работата. И секако, тука е фитнесот, учењето втор јазик и способноста и во вашата индивидуална област.

14. Мора да ги оставите настрана сопствените индивидуални амбиции за да бидете тимски играч. Да речеме доаѓате во НАСА како научник со познавања од хемијата. Вие може да сте најдобриот хемичар во светот, но ако вашата мисија не вклучува хемиски експерименти, тогаш вие треба да извршувае биолошки експерименти. Тука сте да работите како тим, а не да работите она за кое лично сте најзаинтересирани. Мора да се согласувате со сите и да сфатите како другите луѓе ќе одговорат на итни ситуации, бидејќи ако нешто тргне наопаку, сите ќе мора да го решите како екипа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука