Иран направи голема врева со создавањето на национална интернет мрежа на податоци уште во 2005 година, што по 11 години е конечно готова. Земјата ја започна првата фаза од мрежата, која ветува брзина 60 пати побрза од конвенционалниот интернет во оваа област, благодарение на локалните центри за податоци и големата брзина на оптичките линии.
Целосно проектот ќе биде спроведен до Март 2017 година (кога втората и третата фаза ќе бидат завршени), но Владата тврди дека мрежата ќе биде сигурна, стабилна и безбедна, што ќе ја подобри економијата на Иран и целокупната независност.
Овие изјави се точни, со оглед на тоа што Иран генерално беше на милост и немилост на санкциите (вклучувајќи го и договорот за нуклеарно исклучување), што ги ограничува нештата што може да се направат. И секако полесно е за Иран да ја цензурира идејата на домашната мрежа, и не мора повеќе да се грижи за странските компании, кои сега веќе се надвор од контролата за интернет пристап.
Пристапот до интернет на Иран нема да исчезне, но без сомнение официјалните лица сакаат да ги одвикнат луѓето од тоа и да наметнат поголема контрола.