X
 01.09.2016 Култура

Што е "емотивен јазик" и како се користи?

Често се случува да сакаме или да имаме потреба да ја убедиме публиката во нашиот начин на гледање на нештата, можеби при презентација на работа или при обичен разговор со пријател.

зборови


Емотивен јазик
е јазикот со кој се поттикнува емоцијата особено со изразување на оддобрување или забрана на личноста, група личности или активност. Обично се поттикнува чувство на омраза или силно оддобрување. Значи, зборот што се употребува не го потенцира само оддобрувањето или критиката, негативниот став на говорителот туку и поттикнува позитивни или негативни чувства  кај оние што слушаат или читаат.Ако некој е против смртната казна може да ја опише како „убиство“ со цел да ги убеде другите колку тоа „правно убивање“ е одвратно, или барем за да ги зајакне нивните чувства против тоа. „Убиство“ се поврзува со зло, со брутално убивање. Говорителот на тој начин поттикнува силни емоции и може критички да ги испита аргументите за и против неговата изјава. Исто така, ако бездомниците се именуваат како „жртви на општеството“ би се поттикнало симпатија или дури и сочуство кај публиката, а ако се употреби неубав збор како гребатор, муфтеџија може да се предизвикаат негативни чувства кај публиката кон именуваните.

При обидувањето да се наметне мислењето на говорителот или пишувачот, важно е да се знае дека дури и најмало насочување кон аргументи кои не се издржани доволно може да го пренасочи говорителот во сосема погрешен правец од каде е многу е тешко да се врати на првичната мисла што се обидува да ја презентира. Ако целта е да се наметне позитивниот или негативниот став кон одредена тематика, потребно е подлабоко разбирање за тоа, затоа што набројувањето на аргументи без него води до губење на контрола и пречи во наметнувањето на ставот.

Следен пат кога нешто ќе презентирате, внимавајте на вокабуларот и подлабоко разработете ги аргументите.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура