Од милијарда говорители на англискиот јазик само 33 отсто го сметаат за мајчин јазик
Популарноста на еден јазик во голема мера зависи од употребната вредност и географската локација. Покрај тоа, ширењето на светските јазици може да варира во зависност од тоа дали гледате на вкупниот број говорители или на говорителите чиј јазик е мајчин.
Денешната детална визуализација од „ВордТипс“ ги прикажува 100. најзборувани јазици во светот, бројот на говорители на мајчин јазик на секој јазик и потеклото на јазикот.
Како се дефинира јазикот?
Податоците доаѓаат од 22. издание на „Етнолог“, база на податоци што опфаќа мнозинство од светската популација во која денес постојат околу 7.111 живи јазици.
Дефинициите за јазиците честопати се динамични, замаглувајќи ги линиите околу еднозначното разбирање на она што го прави еден јазик:
Лингвистички: фокусиран на лексичките и граматичките разлики или на варијации во говорните заедници.
Социјални: Фокусирани на културните или политичките фактори, како и наследството и идентитетот.
За целите на мерењето, истражувачите користат критериуми што опфаќаат сродни видови и дијалекти.
Ова е потеклото на 100. најзборувани јазици:
Индоевропските јазици имаат најширока распространетост низ целиот свет. Според „Етнолог“, семејството на јазици содржи над 3 милијарди говорители. Интересно е што, всушност, има вкупно 1.526 нигер-конго јазици, иако тука се претставени само 12.
Ова се топ-10 најзборувани јазици во целина:
Не изненадува што англискиот јазик е на прво место, со 1,1 милијарда говорители или 15 отсто од глобалното население. Манадарински-кинески, хинди, шпански и француски се меѓу топ-5.
1. Англиски - 1.132 милиони говорители; потекло: индоевропско.
2. Мандарински-кинески - 1.117 милиони говорители; потекло: сино-тибетски.
3. Хинди - 615 милиони говорители; потекло: индоевропско.
4. Шпански - 534 милиони говорители; потекло: индоевропско.
5. Француски - 280 милиони говорители; потекло: индоевропско.
6. Стандарден арапски - 274 милиони говорители; потекло: афро-азиско.
7. Бенгалски - 265 милиони говорители; потекло: индоевропско
8. Руски - 258 милиони говорители; потекло: индоевропско.
9. Португалски - 234 милиони говорители; потекло: индоевропско.
10. Индонезиски - 199 милиони говорители; потекло: австронезиско.
Сепак, ова е само еден дел од целата структура на јазици. Метриката за мајчиниот јазик покажува поинакви резултати, при што кинескиот-мандарински има 918 милиони говорители - речиси два и пол пати повеќе од оние чиј мајчин јазик е англискиот.
1. Мандарински-кинески - 918 милиони говорители на кои овој јазик им е мајчин.
2. Шпански - 460 милиони говорители на кои овој јазик им е мајчин.
3. Англиски - 379 милиони говорители на кои овој јазик им е мајчин.
4. Хинди - 341 милиони говорители на кои овој јазик им е мајчин.
5. Бенгалски - 228 милиони говорители на кои овој јазик им е мајчин.
6. Португалски - 221 милиони говорители на кои овој јазик им е мајчин.
7. Руски - 154 милиони говорители на кои овој јазик им е мајчин.
8. Јапонски - 128 милиони говорители на кои овој јазик им е мајчин.
9. Западно-пенџапски - 93 милиони говорители на кои овој јазик им е мајчин.
10. Марати - 83 милиони говорители на кои овој јазик им е мајчин.
Овде шпанскиот е на второ место како мајчин јазик на 460 милиони луѓе, со оглед на тоа што е користен во цела Латинска Америка.
Но, што со јазиците што ги учат во текот на животот?
Речиси 43 отсто од светското население е билингвално и може да зборува два јазика.
Од податоците се гледа дека говорителите на втор јазик може да се пресметаат со анализирање на разликата помеѓу говорители на мајчин јазик и вкупниот број говорители на тој јазик. На пример, 66 отсто од англиските говорители го научиле англискиот јазик како втор јазик.
Извор:
visualcapitalist.com
Фото: Unsplash