Најголемата социјална мрежа на светот подготвува нов начин за прикажување на објавите
„
Facebook“ ја тестира функцијата за издавање на своите апликации наменети за десктоп компјутерите која поединечните објави ќе ги однесе на дното од вашиот пребарувач,слично како кога ќе добиете порака од пријателот. „Gmail“ на „Google“има слична функција со инстант пораки во својот дел задолжен за составување на електронска пошта.
„Pop-up“ објавите имаат поле за внесување на текст како би можеле да го внесете својот коментар, а постои и опција дали сакате да ја видите целата објава или да ја сокриете.
Новата функција би требало да го олесни учеството во разговорите така што ќе отвори прозор кога некој ја коментира вашата објава, одговорите на ваш коментар или ќе ве означи во коментарот. Ќе биде можно да се исклучат известувањата на опаѓачкото мени во објавата како не би ви стигале постојано.
„Facebook“ се чини ја тестира функцијата на мел број на корисници. Не е познато колку трае тетсирањето, како ни под кои услови обичната објава ќе стане „
pop-up“ пост.