X
 01.09.2016 Култура

Земјите низ светот каде религијата е особено важна

Во изминатиов период светот е преокупиран со забраната за буркини во Франција, па така луѓето се поделени за тоа дали треба или не треба да постои ваква забрана.

 

религија


Судов во Ница ја поништи забраната врз основа на тоа дека со неа не се почитуваат основните слободи. Оваа одлука следува после поединечната пресуда на највисокиот административе суд на Франција кој ја суспендираше забраната, откако тројца високи судии на Државниот совет ја изрекоа забраната.

„Забраната нанесува сериозен и јасно незаконски удар за основните слободи, како што е слободата на движење, слободата на совеста и личната слобода“.

Градоначалникот на Кан, Дејвид Лиснард ја воведе забраната претходниот месец со која не беше дозволено на плажа да се носи облека која покажува верска припадност додека Франција и местата со религиозно значење се цел на терористички напади.

И покрај актуелната дебата околу секуларизмот и верската облека во земјата, анкетата на Истражувачкиот центар „Пју“ открива дека само 14% од анкетираните Французи велат дека религијата им е многу важна во животот, со што оваа земја е трета по ред во најниски резултати од вкупно 40 земји.

Религијата се покажа како важна во земјите во Африка, Блискиот Исток, Азија и Јужна Америка.

Процент на луѓе кои велат дека религијата е важна во нивните животи

 

3


Исто така, анкетата покажа дека постои врска со богатството на една земја и важноста на религијата меѓу нејзиното население.

Генерално, посиромашните нации имаат тенденција да бидат порелигиозни додека на побогатите религијата воопшто не им е важна (освен Америка). 

 

2

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура