X
 23.06.2017 Живот

Историчарите се прашуваат дали Исус навистина постоел

Фактот дали Исус постоел како историска личност, ретко бил оспоруван. За него се зборува во христијанските, Еврејските и Римските текстови.


Историчарите и блогерите, сега повеќе го поставуваат прашањето дали човекот кој бил наречен Исус, навистина постоел. Во денешно време, во неколку книги се истражува оваа тема. Историчарите сметаат дека има недостаток од релевантни историски извори. Повеќето од информациите доаѓаат од христијански извори и голем број од нив се напишани години по неговата смрт.

Во Библијата, не е споменат периодот од неговиот живот помеѓу 12 и 30 години. Друг проблем е што само неколку библиски текстови му препишуваат вистинско име, повеќе го нарекуваат апостол, спасител и слично. Експертите расправаат дека религиските текстови е тешко да се сметаат за независни извори, односно дека постои можност да се работи за митови кои подоцна се развивале преку госпел.

Исто така, се нагласува дека голема е можноста да бил Еврејски проповедник, Јешуа бен Јосеф, кој инспирирал многу луѓе со своите учења. Многу историчари веруваат дека реалната личност постоела, но се претворила во мит. Сепак, и за оваа теорија не може да се биде сигурен.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот