X
 28.07.2024 Живот

Во кои земји граѓаните најмалку им веруваат на политичарите и на државните институции?

Во денешниот свет, поларизацијата, дезинформациите, скандалите, економската нестабилност и нееднаквоста придонесоа за влошување на довербата на луѓето во владите и медиумите. Но, во некои земји оваа доверба се враќа.

За време на пандемијата довербата во политичарите беше особено разнишана, при што 63 отсто од испитаниците на анкетата спроведена од „Ипсос“ открија дека не им веруваат на политичарите.

Инфографиконот во продолжение ги прикажува резултатите на индексот „Еделман траст“ за 2024 година на 28 земји и нивната промена од 2023 година.

Индексот на доверба треба да го претставува просечниот процент на доверба во невладините организации, бизнисите, владата и медиумите, врз основа на истражување на над 32.000 испитаници од 28 различни земји.

drzavi
Фото: Visual Capitalist

На глобално ниво, довербата во институциите се зголеми за 1 процентен поен, од 55 на 56 за разлика од минатата година. Со просечен индекс на доверба од 63, земјите во развој имаат многу поголема доверба во институциите отколку развиените земји, кои имаат просек од 49.

Повеќето од азиските земји вклучени во истражувањето забележаа зголемување на нивните оцени на Индексот на доверба, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Индија, Тајланд, Малезија, Сингапур и Јапонија. Кина и Индонезија беа единствените азиски нации чие население имаше помалку доверба во 2024 година.

Јужна Кореја забележа најголем скок меѓу сите 28 испитани земји, при што индексот на доверба се зголеми за 7 од 2023 година.

Кога се споредуваат резултатите од нискиот приход на секоја земја (најдолу 25 отсто) и високиот приход (најгоре 25 отсто) на индексот на доверба, Тајланд имаше најголема нееднаквост на довербата врз основа на приходите, при што богатите тајландски граѓани имаат индекс на доверба од 82, додека тајландските граѓани со ниски примања имаат индекс на доверба од само 55.

Општо земено, истражувањето на Институтот „Еделман Траст“ покажа дека владите се сметаат за помалку етички и компетентни во споредба со бизнисите.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот