X
 27.01.2016 Живот

Ова е човекот кој ја има најдобрата работа во Америка

Моментално, најдобрата работа во Америка е научник на податоци, според неодамнешиот извештај на „Glassdoor“.

 

1


„Не е големо изненадување. Ова е една од најбараните и најбрзорастечките работни места. Бидејќи сите компании имаат онлајн присуство на интернет, на сите им се потребни луѓе кои знаат како да управуваат и да чуваат податоци кои им помагаат да донесуваат подобри бизнис одлуки, во споредба со пред неколку години кога бизнисите немаа менаџмент за податоци кои би им помогнале да прегледуваат и анализираат со цел нивниот бизнис да напредува. Очекувам ова работно место да биде доста посакувана работа во наредните неколку години“, вели Д-р Ендру Чамберлејн, главен економист во „Glassdoor“.

Листата за најдобрата работа во Америка беше базирана врз потенцијалот за заработка (просечната годишна основа за плата), рејтингот на кариерната можност и бројот на работни места за секоја професија.

Даниел Енсон, 38 годишен научник за податоци и научен директор во компанијата за истражување на глобалниот пазар „Toluna“, открива како е да се има најдобрата работа во Америка.

Почетоците

 

2


„Пораснав во Конектикат и се запишав на Васар колеџот за моите додипломски студии. Работев во Њујорк и учев на Универзитетот во Конектикат.

Во текот на студиите сфатив дека сакам да учам бизнис, но Васар беше училиште за либерални уметности и немаше таков предмет. Магистрирав на Универзитетот во Конектикат, а ја одбрав оваа професија бидејќи бев заинтересиран за комбинацијата на однесувањето на податоците и статистичките алатки за подготовка на анализа. Сакав да знам што ги тера луѓето да направат избор“.

Патот до професијата

„Работев во осигурување веднаш после завршувањето на факултетот, па тоа беше одлична изложеност кон бизнис пазарот. Целта беше образованието и достигнувањето. Како може нашиот глас да допре до се` поголем број луѓе? Како можеме да ги едуцираме за важноста на штедење за пензионирањето?

Моето прво работно место како аналитичар на податоци започна во 2006 година за мала фирма за податоци. Си ја обожавав работата, меѓутоа немаше простор за растење и надградување. Знаев дека треба да се преселам за да започнам да работам за големите имиња во бизнисот. На тој начин завршив во „Toluna“.

Од друга страна, мислам дека мојот карактер ме привлече кон ова поле. Јас сум прилично скептичен човек. Тешко ми е да поверувам во нешто освен ако не видам доказ, а за мене доказот е во броевите“.

Процесот на вработување

 

3


„Кога влегов во ова поле во средината на 2000 година, агенциите и компаниите не знаеја точно што бараа. Тие знаеја дека побарувачката за аналитичар на податоци се зголемува, меѓутоа немаше голема побарувачка за дипломирани компјутерски научници или математички експерти.

Кога аплицирав за мојата сегашна работа, ја добив бидејќи бев кандидат кој можеше да покаже искуство во работењето со податоци и броеви, но уште повеќе, можев да раскажам приказна за овие податоци. Токму тоа и го барам кај секој потенцијален нов член во мојот тим. Сакам некој кој може да размислува брзо, некој кој може да зборува со клиентот ефективно. Сакам некој кој не се плаши да преземе одлука и да се држи до неа.

Професијата бара многу независност, а ако не можете да ги стоите зад вашите идеи, тогаш тоа нема да функционира. Мора да бидете способни да ја презентирате информацијата јасно и концизно. Работното место сака значајни модели за да добиете увид за вашите клиенти“.

Платата

„Платата за оваа професија е секако конкурентна. Луѓето имаат голема образовна позадина и напредни степени. Докторите на науки и магистрите се честа појава во индустријата и оваа експертиза доаѓа како премија за работодавците“.

Еден типичен работен ден

 

4


„Се будам во 6.30, обично затоа што мојот 3 годишен син се качил на креветот па легнал со мене. Во канцеларија сум до 9 часот, а мојата прва задача е разгледувањето на меиловите. Ние сме глобална компанија па добиваме меилови 24/7 од клиенти и колеги насекаде низ светот.

Прво гледам дали има некои итни барања од клиентите. Дали постојат некои проблеми кои мораат да бидат решени? Ова се случува прилично често.

Во текот на денот постојат неколку типични задачи: пишување на истражувачки извештај, формирање на прашалници, спроведување на конкретни статистички анализи, регресивни анализи, „MaxDiff“ анализи, „TURF“ анализи и слично. овие поконкретни статистички барања се прилично нови во изминатите неколку години. Како што клиентите научиле дека можат повеќе да добијат од нивните податоци, ние се адаптиравме да даваме најдобри резултати.

Не постои типичен ден. Токму затоа си ја сакам работата - секогаш има нови предизвици. Си одам околу 17.30 и обично повторно се враќам назад од 20 до 22 часот. Работам околу 10 до 11 часа во денот. Се обидувам да избегнувам да работам за викенди кога можам, но никогаш не се знае кога нешто итно може да излезе“.

Заблуди во врска со професијата


„Не седам во темен кабиент цел ден. Не сум заљубен во мојот калкулатор. Работата е аналитичка и интиуитивна.

Мислам дека луѓето погрешно ја сфаќаат работата бидејќи мислат дека се` е поврзано со математиката. Всушност, поврзано е со решавање на проблемите. Клиентите ни носат прашања, а ние користиме технологија, статистика и податоци за да им донесеме на увид се што им е потребно за да направат информирани одлуки“.

Најдобриот дел од работата

 

5


„Најдобриот дел од работата дефинитивно е разновидноста. Обожавам кога ќе влезам во канцеларијата, без да знам што ќе излезе, каков предизвик ќе решам. Не е за сите, знам, но навистина го сакам овој аспект од работата. И искрено, нашата работа е беспрекорна, имаме прилично мал тим кој работи на истражувања.

Обожавам тоа што работата ве тера да мислите „надвор од кутијата“. Клиентите секогаш носат нешто ново и интересно, а мене ми претставува задоволство да открија креативно решение.

Најлошиот дел од работата

„Иако работењето со клиенти е еден од најдобриот дел од работата, исто така може да ги претстави и своите предизвици. Кратките рокови и нереалните очекувања можат да го направат и нашиот живот, и нашата работа потешка. Но, се` зависи од тоа како се соочуваш со предизвици. Ако ги имаш правилните алатки и вистинскиот тим, можете да се справите со се`.

Дали навистина е најдобрата работа во Америка?

 

6


„Јас би рекол дека бев пријатно изненаден кога открив дека научниците на податоци е прогласена за најдобра работа во Америка. Не знаев дека толку луѓе знаат за науката за податоци. Ние во голема мера оперираме позади сцената од перспектива на потрошувачите, такашто ова признание е одлично.

Би ги охрабрил луѓето да се одлучат за професија во ова поле. Работата е стимулирачка и секој ден ни претставува нови и возбудливи предизвици. Започнав да работам во ова поле во 2006 година и мислам дека не би работел ништо друго.

Ова е брзо растечко поле, такашто безбедни сте. Износот на податоци кој мора да биде анализиран постојано ќе се зголемува, па ќе бидат потребни се` поспособни луѓе за пребарување на значајни шеми“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот