Без оглед на тоа колку отпорни мислиме дека сме, стресот е нешто што лесно си го зема данокот со текот на времето. Од чувството под притисок на работа, до премногу обврски дома, постојат многу причини зошто би можеле да сте под стрес.
-Стресот е начин на кој нашето тело реагира на било каков вид побарувачка или закана. Тој предизвикува физички промени што ни помагаат да се соочиме со предизвиците, но премногу стрес може да предизвика штета на здравјето. Може негативно да влијае врз спиењето, исхраната, здравјето на срцето - сѐ што е од суштинско значење за поздрав и посреќен живот - вели д-р Ким Стак, доктор во општата болница Бупа.
Комплексноста и барањата што ги наметнува модерниот живот значи дека е полесно да се каже отколку да се направи - но, за оние ои редовно живеат под стрес, постојат многу добри причини за решавање на ситуацијата.
Д-р Глас објаснува што значи да се живее без стрес седум дена и како може позитивно да влијае врз физичкото и менталното здравје.
1. Подобар сон
Неделата навечер е најлош кошмар за луѓето. Вртењето и гледањето во таванот со часови, борбата да заспиете, а не можете, бидејќи мислите на понеделничките обврски.
-Повеќето луѓе искусуваат напади на стрес со што не можат да заспијат или имаат тешка ноќ. Ова е поради тоа што стресот предизвикува хипераруса, што може да ја наруши рамнотежата помеѓу спиењето и будењето. Ако водите живот без стрес, тогаш поголема е веројатноста да паднете во подлабок, непрекинат сон, што значи дека ќе се разбудите свежи, полни со енергија и подготвени за денот што следува - вели д-р Глас.
2. Подобрена исхрана
Во време на стрес, не е невообичаено да се свртиме кон храна со многу шеќери и масти.
-Кога сме под притисок, нашиот мозок сака утешна храна. Најверојатно ќе сакаме да каснеме чоколадо или нешто друго што ќе ни даде допамин - познат како среќниот хормон.
-Во свет без стрес, можеме да бидеме посвесни за нашата исхрана. Се чувствуваме мотивирани да приготвуваме здрави оброци, така што нашата исхрана станува порегулирана, похранлива и поздрава.
3. Подобро ментално здравје
-Игнорирањето на стресот може да резултира со постојан притисок на телото и умот, што може да придонесе за ментални нарушувања како што се анксиозност и депресија - вели Глас.
Таа го споредува стресот со автомобил што постојано вози по брзата лента, што резултира до уништување на моторот.
-Кога немате стрес, често мислите појасно, можете да донесете вистински одлуки и да добиете попозитивен поглед на она што се случува околу вас - и на работа, и дома - вели таа.
4. Помалку стрес на срцето
Хроничниот стрес го изложува телото на нездраво ниво на адреналин и кортизол, што може да го зголеми ризикот од проблеми со срцето.
-Една недела ослободени од стресот ќе го намали притисокот врз вашето срцет, па затоа е важно да земете одмор и да се релаксирате кога работите стануваат напорни.
5. Зголемена продуктивност
-Стресот и продуктивноста можат да бидат маѓепсен круг. Земете ја работата за пример, може да предизвика стрес, што може да предизвика отсуство од работа, што пак може да предизвика повеќе стрес.
-Ќе се најдете во ситуација во која одложувате одење во теретаната или други активности што обично ги извршувате. Работата без
стрес и работната недела без стрес ќе ја зголеми вашата продуктивност, ќе ги направи предизвиците подостижни.
Советите на Глас за подобро менаџирање со стресот.
- Медитација и јога;
- Намалување на внесувањето на алкохол и кофеин;
- Поставување на граници за одредени работи;
- Време за работите во кои уживате;
- Време за физичка активност.