X
 05.08.2023 Здравје

Секојдневните физички обврски може да бидат добри за здравјето

Многу луѓе знаат дека вежбањето го намалува ризикот од заболување од некои видови рак, на црниот дроб, белите дробови, дојката и бубрезите. Меѓутоа, вежбањето одзема време и бара посветеност. Досега не биле направени многу истражувања за потенцијалот на случајната физичка активност во намалувањето на ризикот од рак. Под случајна физичка активност се мисли на обврските што ги правиме во текот на денот, а одземаат физичка енергија.

Ново истражување го истражува здравствениот потенцијал на кратките физички обврски кои се дел од секојдневието на многу луѓе, како брзо одење до автобуската станица, качување по скали, носење тешки торби, активна работа во домаќинството или играње со деца.

Истражувањето било спроведено на 22.398 лица од Обединетото Кралство на просечна возраст од 62 години. Учесниците носеле часовници за мерење на активност и биле следени со години.

Научниците заклучиле дека физичка активност од околу 3,5 минути дневно може да го намали ризикот од заболување од рак за 17-18 отсто. Половина од учесниците имале дневна физичка активност од најмалку 4,5 минути, што го намалило нивниот ризик за заболување од рак за 20-21 отсто. Врската помеѓу физичката активност и ризикот од рак била посилна за ракот на дојка, белите дробови и цревата.

Сепак, научниците посочуваат дека истражувањето само ги следело учесниците, а не биле направени тестови кои може да ја докажат оваа врска со сигурност.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје