Градот е полн со приказни. Вие сакате да ги истражите “грубите“ делови од градот, но ви е потребно вовед за безбедност? Сакате да посетите виолинист, бегалец, уметник, џамија, луѓе со приказни. “City Safari“ ги отвора вратите кои вообичаено остануваат затворени и ви нуди средби со луѓе кои ќе ви раскажат приказни за секојдневниот живот во градот.
Без оглед дали сте локален жител или посетител, “City Safari Go“ платформата ви овозможува да резервирате лична средба што никогаш нема да ја заборавите.
Уникатност
“City Safari Go“ држи уникатна позиција. Ниедна друга платфрома не се концентрира на делови од градот што вообичаено се избегнувани од посетителите. Ниедна друга платформа не работи на активна мрежа на агенти кои што ги предложуваат и ги избираат домаќините што воопшто не се активни на интернет. Ниедна друга платформа ја нема предноста на успешно отворање на огромен ресурс на возбудливи аспекти од секојдневниот живот во градот.
И ниедна друга палтформа нема пазар за потрошувачка за туристи, професионалци и локални жители. Никој не може да го копира концептот бидејќи има заштитно име на брендот и репутација да воспостави широка база на лидери на пазарот во општествените односи.
Моделот на приходи
“City Safari Go“ лови агенти и домаќини во различни градови и ги лоцираат нивните информации на платформа каде гостите може директно да резервираат. Од првичната цена 50 проценти одат за домаќинот, 25 проценти за агентот и 25 проценти за City Safari програмата
Ако домаќинот работи на своја контролна табла, тој ќе добие 75 проценти од приходите. До крајот на 2019 година се очекува да се прошири концептот на “City Safari“ на меѓународно ниво во 24 града.
Што е досега постигнато?
Од 1998 година, 40.000 посетители платиле околу 120.000 посети за време на коорпоративната програма. Основачите ги искористија годините на финансиска криза за насочување кон процесот на софистицирана база на податоци и за дизајнирање на концепот на “City Safari Go“.
Постои мрежа на домаќини во холандските градови: Ротердам, Хаг, Амстердам и Утрехт, а во моментот се подготвува и за Малме, Дрезден, Атина и Мексико Сити.
Потребни инвестиции и цел
“City Safari Go“ е нов производ, стартап кој ќе ја отклучи вредноста на широко искуство и скапоцена база на податоци на корпорацијата “City Safari Corporate“. На корпорацијата и се потребни 60.000 евра, сума за која се нуди 7% за капитал.
Дел од овие пари, 35.000 евра ќе се искористат за платформа за резервација, за отворање на нови градови се потребни 14.000 евра и за SE и SM маркетинг се потребни 11.000 евра.
Производот
Градот е полн со приказни. Многу луѓе со отворен ум се љубопитни за приказните на другите луѓе, за нивните страсти и соништа, нивните достигнувања и несреќи. На нив им е потребен некој што ќе им ја отвори вратата.
Оваа платформа успешно го прави тоа со целосни услужни програми за компании, институции и владини агенции, со над 120.000 посети главно во Ротердам. Сега со новиот пристап желбата е да се направат лични средби со приватни лица, посетители и локални жители со новата програма “CitySafari Go“. Ова го прави производот пофлексибилен и поевтин.
Пофлексибилен бидејќи клиентите одлучуваат кого и што сакаат да посетат без ограничен број на посети во програмата. Поевтино за околу 50 проценти бидејќи клиентот го прави најголемиот дел од работата за да се вклучи во програмата.
Доминантно расте
Секој град во светот има богатство на луѓе со приказни и секој град во светот има луѓе со отворен ум кои сакаат да се сретнат со луѓе од другит дел на светот, но им е потребна помош за да воспостават врска.
Прво се постави “City Safari Go“ во домашната база на Ротердам со над 100 активни домаќини и потоа се очекува да се рашири во Амстердам и Утрехт, како и во Атина и Мексико Сити за да се тестираат интернационалните процедури. Во меѓувреме се градат датабази во Хаг, Арнем. Малме и Дрезден. Се очекува до 2019 година да има 50 домаќини по град во 24 града.
Сегашниот статус
Веб страната нуди приказ на сегашниот статус на производите што се нудат. Исто така има и листа на компании, институции и владини агенции кои ги користат услугите и даваат своја критика.
Развојни планови
Токму сега се работи на подготовка на платформа прелистувач да биде подготвен да прима податоци. Се очекува наскоро да биде понудена датабазата на Ротердам со домаќини и да има функционален интерфејс за гостите.
Потоа ќе се започне кампања врз основа на постоечката мрежа. Во 2016 и 2017 година ќе се прави проширување на домаќините и градовите и спорведување на кампањата да се креира активен пазар на заинтересирани страни. Оваа кампања нема да биде насочена само на општата јавност, туку и на мрежата на локални домаќини и на големи туристички агенции.
Пазар и таргет група
“City Safari Go“ се фокусира на индивидуалци кои ја сочинуваат својата програма преку програмата за резервација. Општо кажано сите луѓе со отворен ум кои сакаат да истражуваат делови од градот кој за нив е непознат се таргет групата или целната група.
Прво тоа се индивидуалци посетители во градот кои сакаат на свој начин да истражуваат, без водич. Второ тоа може да бидат професионални работници како новинари, истражувачи и креатори на политики.
Големината на пазарот
Потенцијално се посакува да порасте овој концепт во 500 града насекаде во светот. Постојат градови со над 500.000 население кои имаат многу туристи со градски живот што вреди да се истражува. На пазарот постојат луѓе кои ги посетуваат овие градови, но и секако луѓе со отворен ум од тој регион.
City Safari Go работи на два пазара кои растат многу брзо: економија на споделување (со технологија на резервирање) и индивидуално патување. Економијата за споделување се очекува да расте од 14 милијарди евра во 2014 година до 300 милијарди евра до 2025 година.
Со 24 града што се очекува да бидат домаќини на “City Safari Go“ до 2019 година планот е да се достигне 1 процент од пазарот со 40 милиони посетители во овие градови.
Фидбек од потрошувачите
Над 40.000 луѓе биле дел од City Safari Go со над 120.000 индивидуални посети. Над 1000 клиенти имаат групни програми за резервирање. Тие го рекламираат City Safari Go концептот со кажување на други луѓе.
На листата на гости во 2015 година биле и некои холандски иснтитуции како “Nederlands Jeugd Instituut“, “the City of Almere“, “Central Planning Agency“, Министерството за социјални работи и вработување, корпорацијата за домување “Vestia“, и медицинската проектна агенција “LSJ“.
На холандската страна има многу записи од фидбек на корпоративни гости, но и од некои од 6000 приватни посетители што можат да си ја дозволат корпоративната цена. Од почетокот политиката е да се побара фидбек од слободно напишани изјави, но и преку форма на рејтинг и коментирање за секој домаќин.
Во една ситуација една жена од Авганистан била замолена да подготви ручек за нејзините посетители. Таа направи истражување за тоа што Холанѓаните јадат за ручек, но посетителите очекуваа ручек од Авганистан. Со фидбекот може да се подобри комуникацијата и очекувањата.
Историјата на City Safari Go
Идејата се разви во Ротердам во 1996 година. Градот Ротердам и даде овластување на фирмата “Solutions for the City“ да развие туристичка атракција во областа каде центарот на градот се очекуваше да биде проширен низ реката. Од компанијата направија пресметка дека атракцијата бара големи инвестиции, каде само мал дел ќе заврши само во локалната економија.
Долго пред терминот “City Safari“ да стане популарен, концептот доби одржлива основа за поставување, со користење на веќе постоечките објекти и движејќи се од домаќин до домаќин пешки или со јавен транспорт.
Кога “Solutions for the City“ го разви концептпт во 1996 година тие одлучија дека ова не треба да биде субвенционален проект. Ако луѓето не се подготвени да ја платат реалната цена, претпирјатието не е одржливо. Градот даде субвенција за развој во 1997 година и оттогаш копманијата работи со “City Safari“ како профитна компанија.
Од тогаш десетици илјади приватни лица и вработени во компании, институции и владини агенции се имаат запознаено со секојдневниот живот на градот.
Погледнете го видеото